text size
Додека повеќето македонски банки буквално не знаат што да прават со вишокот ликвидност која ја црпат главно од штедните влогови на македонските граѓани, Владата се уште калкулира со издавањето на граѓанската обврзница. Со неа, прв пат во Македонија, државата би требало да создаде нова конкуренција на банкарскиот сектор. Банките засега може мирно да спијат со оглед на тоа што премиерот Димитар Ковачевски вчера соопшти дека не се знае точниот тајминг на издавањето на обврзницата и дека Министерството за финансии во дослух со Народната банка се уште анализира за висината, рочноста и каматата по која ќе се издава обврзницата.