text size
Сто и деветнаесет години од Крушевската република и 78 години од Првото заседание на АСНОМ се одбележуваат денеска на 2 Август, Денот на Републиката. Со Илинденското востание и Крушевската република во 1903, а потоа и на вториот Илинден - Првото заседание на АСНОМ во 1944 година, беа поставени столбовите на Републиката и на државноста. Годинава, 2 Август се одбележува под слоганот „Илинден – нашата сила за иднината“.