Американските и украинските преговарачи рекоа дека имале продуктивни разговори за рамка за мировен договор, но засега нема разрешница иако претседателот Доналд Трамп продолжува да врши притисок за примирје со Русија.
„Има уште работа што треба да се направи,“ изјави државниот секретар Марко Рубио пред новинарите во Флорида по средбата од најмалку четири часа со украински официјални лица. „Ова е деликатно. Комплицирано е.“
Рубио рече дека целта на преговорите не е само завршување на борбите, туку и помош за Украина „да влезе во ера на вистински просперитет.“
Прочитај повеќе
Русија го нападна Киев со ракети, Украина погоди руски нафтени постројки
Руските сили ноќеска ја нападнаа украинската престолнина со масовен ракетен напад, при што загинаа најмалку три лица и беа предизвикани големи прекини во снабдувањето со електрична енергија, додека САД вршат притисок врз претседателот Володимир Зеленски да се согласи на отстапки во речиси четиригодишната војна.
29.11.2025
Како корупцијата го прогонува военото раководство на Украина
Последните настани покажуваат дека битката против високата корупција е сè уште далеку од завршена
29.11.2025
Украинска делегација тргнува за САД на разговори со Виткоф
Украинска делегација се упатува кон САД за понатамошни разговори околу мировниот план што го турка претседателот Доналд Трамп, според лице запознаено со случајот.
29.11.2025
Корупциска афера во Украина: шефот на кабинетот на Зеленски си поднесе оставка
Моќниот шеф на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски поднесе оставка откако беше вмешан во истрага за корупција. Андриј Јермак беше главен преговарач во мировните разговори, а неговата одлука доаѓа пред очекуваната посета на американска делегација во Киев во наредните денови.
28.11.2025
Тајни разговори откриваат како Виткоф ја советувал Русија за планот за Украина пред Трамп
Тајни разговори меѓу Виткоф и Ушаков откриваат клучни делови од мировниот план со 28 точки. Вашингтон бара Киев да прифати повлекување од делови на Донбас.
26.11.2025
Пазарењето на Трамп: Украина исчезнува, олигарсите на Путин си ги тријат рацете
Американскиот план за Украина отвора пат Русија економски да зајакне, а Европа да биде изместена од процесот што може да ја обликува безбедносната архитектура на целиот континент.
25.11.2025
Рубио се сретна со украински официјални лица во Халандале Бич, северно од Мајами, заедно со специјалниот американски пратеник Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер. Украинскиот преговарачки тим беше предводен од секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана, Рустем Умеров.
Средбата веројатно беше последна шанса за украинските преговарачи да влијаат врз Виткоф пред тој да ја предводи американската делегација на разговори во Русија оваа недела. Трамп врши притисок врз Киев да направи територијални и други отстапки кон Москва за да се стави крај на борбите во војната предизвикана од целосната руска инвазија на Украина во февруари 2022 година.
„Ги дискутиравме сите важни прашања што се значајни за Украина и украинскиот народ, а САД навистина многу покажуваат голема поддршка,“ рече Умеров.
„Бевме во контакт во различен степен и со руската страна, но имаме прилично добро разбирање за нивните ставови,“ додаде Рубио.
Разговорите дојдоа откако Русија во петокот навечер изврши воздушен напад врз главниот град на Украина, убивајќи најмалку тројца луѓе и предизвикувајќи големи прекини на електрична енергија.
Американски и руски делегации се сретнаа во Абу Даби минатата недела по разговорите во Женева, кои донесоа напредок во ублажувањето на жестокото противење од Киев и неговите европски сојузници на мировниот предлог од 28 точки што тимот на Белата куќа го предложи во последниве недели.
Украинскиот тим во Женева минатата недела беше предводен од Андриј Јермак, долгогодишен шеф на кабинетот на претседателот Володимир Зеленски, кој поднесе оставка во петокот во сенка на корупцискиот скандал, а по претрес во неговиот стан од антикорупциските истражители.
Првичниот нацрт-план ги затече Киев и украинските сојузници неподготвени со барањата земјата разурната од војната да се откаже од амбицијата да се приклучи на НАТО и да предаде територии во источниот Донбас, вклучително и области што Русија сè уште не ги контролира.
Рускиот претседател Владимир Путин на 27 ноември рече дека предлозите на Трамп за завршување на неговата војна во Украина би можеле да бидат основа за идна спогодба, но предупреди дека сè уште нема конечна верзија.
Путин додаде дека Москва ќе престане со борбите кога Украина ќе ги повлече трупите од областите во регионот Донецк што руската армија не успеала да ги освои со сила.