Метрото во Солун денеска е ставено во функција по близу 18 години од почетокот на изградбата, јави дописничката на МИА од Атина.
Главната линија на метрото е во должина од 9,6 километри со два независни еднонасочни тунели, има 13 модерни станици, ќе сообраќаат 18 најсовремени автоматски метроа без возач, но со придружник, максималниот капацитет е 18.000 патници на час во еден правец.
Процените се дека дневниот патнички сообраќај ќе биде околу 240.000 патници, но и дека на солунските улици секојдневно ќе сообраќајот 57.000 возила помалку.
Прочитај повеќе
Барате вила на грчките острови? Разгледајте ги овие четири
Грчките острови летово се на врвот, а до крајот на годината се очекуваат уште повеќе посетители.
10.08.2024
Какви скриени трошоци наплаќаат хотелите: Грција воведе еко-такса
Некои одморалишта, на пример, наплаќаат такси за одржување на имотот, паркинг или чистење соби ако гостите престојуваат со домашни миленици.
21.07.2024
Грчките острови се соочуваат со деструктивен туризам
Производството на грозје во Санторини е намалено за речиси 50 отсто во текот на изминатите 20 години
18.07.2024
Тактики и политика: Кои се ризиците за економските односи меѓу Македонија и Грција?
Лани Грција ја посетиле 1.128.000 туристи од земјава или двојно повеќе од 2022 година.
15.07.2024
Со метрото, за 17 минути ќе се стигнува од едниот на другиот крај на градот, билетот ќе чини 60 центи и ќе важи 70 минути.
Дополнително, на станиците ќе бидат вклучени и археолошките откритија пронајдени за време на изградбата, а се поставени на станицата „Венизелос“, на површина од 1.260 метри квадратни, со што, како што информираа од грчката Влада, ова е меѓународно најголемиот археолошки локалитет вклучен во голем технички проект.
Во ноември 2025 година ќе заврши продолжувањето на метрото до Каламарија, што на мрежата ќе додадат уште 4,8 километри железничка пруга и пет нови станици.