Американците ја завршуваат годинава со проблеми во сајбер-безбедноста бидејќи кинески хакер го хакира системот на Министерството за финансии, а безбедносните агенции се обидуваат да го исфрлат од системот до кој тој сѐ уште има пристап. Истрагата за трагедијата во Јужна Кореја во која загинаа 179 лица е во застој поради проблемот со црната кутија. Европските берзи утринава тргуваат во минус.
ПОЛИТИКА
Кинески хакер го хакира американското министерство за финансии
Кинески хакер го хакира Министерството за финансии на САД. Министерството беше хакирано преку независен провајдер на софтверски услуги. Сето тоа е наведено во писмото што агенцијата го испратила вчера до Конгресот. Министерството за финансии го опиша нападот како „голем инцидент за сајбер-безбедноста“, се наведува во писмото, во кое „Блумберг“ имаше увид. Агенцијата за сајбер-безбедност и безбедност на инфраструктурата, ФБИ, разузнавачката заедница и форензичички истражувачи од трета страна помагаат да се исфрли хакерот од системот до кој сè уште има пристап.
Застој во истрагата за најсмртоносната авионска несреќа во Јужна Кореја
Прочитај повеќе
Македонците вртат милиони на странските берзи - пет вести на денот
„Блумберг Адрија“ ви претставува преглед на најважните вести што треба да ги знаете денеска...
31.12.2024
Македонците повеќе инвестираат во „Амазон“ и „Епл“ одошто во „Комерцијална“ и „Алкалоид“
„Играњето“ на странските берзи на македонските граѓани и компании во вредност го престигна класичното тргување на Македонската берза.
31.12.2024
Кина воведе берзанско тргување со полисилициум
На првиот ден од берзанското тргување во Кина полисилициумот достигна цена од 5.800 евра за тон.
26.12.2024
На уредот што би можел да ја расветли најсмртоносната авионска несреќа во историјата на Јужна Кореја недостига клучна компонента, што може да ја одложи истрагата, соопштија јужнокорејските власти. Да потсетиме, при уривање на авионот на јужнокорејската авиокомпанија загинаа 179 лица. Снимачот на податоци за летот, кој ги следи параметрите на авионот како што се висината и брзината, е една од двете црни кутии што корејските истражители ги извадија од остатоците. Заменик-министерот за цивилна авијација Џо Јонг-Ван рече дека бараат начини за да ги вратат информациите од рекордерот.
БЕРЗИ
ЕВРОПА
На берзите веќе почна новата година. Така, европските индексни фјучерси се тргуваат претежно во црвено, во бавниот период на тргување поради сезоната на годишни одмори. Поголемиот дел европски берзи денеска работат скратено, а некои сѐ уште се затворени.
САД
Истовремено, фјучерсите на американските индекси се тргуваат во минус. Претпазливоста на Волстрит ја одразува загриженоста на инвеститорите за неизвесноста што ја носи 2025 година, почнувајќи од протекционистичкиот став на Трамп, потоа Федералните резерви, па до кинеската економија. Доларот ќе ја заврши годината со најдобар годишен резултат од 2015 година.
АЗИЈА
Кога станува збор за акциите во азиско-пацифичкиот регион, тие се тргуваат претежно во црвено. Само индексот во Хонгконг тргува со добивка. Берзата во Јапонија е затворена до 6 јануари, додека берзата во Хонгконг денеска е отворена. Во Кина фабричката активност порасна трет месец по ред, поттикнувајќи ги очекувањата дека кинеската економија ќе закрепне.
НАФТА
Нафтата поскапе на крајот на годината откако резултатите за фабричката активност во Кина, најголемиот светски увозник на сурова нафта, покажуваат раст трет месец по ред.
Нафтата брент се тргуваше за околу 75 долари за барел, додека ВТИ (WTI-West Texas Intermediate) е блиску до нивото од 72 долара. Кинеската економија покажува знаци на закрепнување по серијата стимулативни мерки, иако нацијата се соочува со закана од администрацијата на Трамп за нова трговска војна.