Светски познатиот музеј „Лувр“ во Париз денеска беше затворен по грабеж што се случил утрово.
Министерката за култура на Франција, Рашида Дати, го објави инцидентот на својот профил на социјалните мрежи, без да даде дополнителни детали за тоа што е украдено. Од „Лувр“ соопштија дека се музејот се затвора за тој ден „од посебни причини“, без да дополнително да образложат.
„Утрово на отворањето на музејот ‘Лувр’ се случи грабеж“, напиша Дати на социјалната мрежа X. „Јас сум на лице место заедно со вработените во музејот и полицијата. Истрагата е во тек.“
Прочитај повеќе

Механичко ремек-дело на „Вашерон Константин“ ѝ пркоси на дигиталната ера
„La Qête du Temps“, раскошниот часовник на „Вашерон Константин“ изложен во „Лувр“, претставува сè што треба да се сака кај фината хорологија.
11.10.2025

Ве водиме во Музејот на БМВ во Минхен: тука, историјата не стои - таа забрзува
За разлика од многу технички музеи, овој е исклучително прифатлив: цената на билетот за семејство со три деца е 32 евра, додека индивидуалните билети почнуваат од 8 до 14 евра.
10.07.2025

Од празен базен до музеј на Новак Ѓоковиќ
Неодамна најавената изградба на музеј на Новак Ѓоковиќ во Белград дојде како шлаг на тортата за обожавателите на најдобриот српски тенисер.
05.10.2024
Глобалниот симбол на француската култура, „Лувр“, е едно од најсилно чуваните места во главниот град. И покрај безбедноста, музејот повремено беше ограбуван, а најпознатиот грабеж се случи во 1911 година кога беше украдена „Мона Лиза“ од Леонардо да Винчи.
Француската полиција и музејот „Лувр“ не беа веднаш достапни за коментар.