Компанијата „Вондерфул“ (Wonderful) развива иновативни агенти со вештачка интелигенција (ВИ), кои им овозможуваат на компаниите да комуницираат со клиентите преку различни канали – чет, гласовна комуникација и е-пошта, започнува со операции во регионот Адрија.
ВИ-агентите се специјално приспособени за различни пазари и јазици, што ги прави идеални за употреба во региони со различни културни и јазични специфики.
Скапо нѐ чини рејтингот: Македонија поблиску до Африка отколку до регионот за нови задолжувања
Каде да се најдат пари за покривање на старите долгови и финансирање на буџетскиот дефицит на државата е прашање што заслужува сериозно внимание ако се земе предвид дека Македонија за оваа намена ќе треба да се задолжи 120,6 милијарди денари (1,96 милијарда евра) следната година. Според проекциите во предлог-буџетот за 2026 година, кој е веќе влезен во собраниска процедура, предвиденото ниво на домашно задолжување изнесува 35,6 милијарди денари (578 милиони евра), а ќе се обезбеди преку задолжување со издавање државни хартии од вредност или домашен заем. Анализираме колку е скапо нашето задолжување.
Колку заработи член на вториот пензиски фонд за овие 20 години?
Периодов се навршуваат дваесет години откако почнаа со работа приватните друштва за управување со пензиски фондови, а од почетокот на 2006 година почна всушност да функционира вториот столб на пензиското осигурување во Македонија, односно приватно капитално финансирано пензиско осигурување. Поради демографските фактори, односно стареењето на населението, забавувањето на економскиот раст и затегнатите владини буџети кон крајот на 1990-тите години, единствениот државен пензиски фонд стануваше сѐ помалку одржлив, а државата мора секоја година да одвојува сѐ повеќе пари за да може да се исплатат сите пензии. Затоа Македонија уште од 1997 година иницираше реформа на пензискиот систем, а во 2002 година парламентот го донесе Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување. Реформата подразбираше формирање втор, задолжителен, а подоцна и трет, доброволен, столб, односно приватно капитално финансирано пензиско осигурување. Читајте ја нашата анализа за можна/остварена заработка.
„Палантир“ - мистериозниот технолошки гигант што ги поврзува државата, војската и вештачката интелигенција
За едни тоа е технолошки гигант, за други речиси непознато име, а за трети мистериозна и контроверзна компанија. Но едно е речиси неспорно - американската компанија „Палантир“ е меѓу најмоќните технолошки компании денес. Оваа софтверска фирма постои повеќе од две децении и е позната по своите софистицирани аналитички алатки.
Што прави „Палантир“? Едноставно кажано, компанијата развива софтвер за анализа на големи податоци.
Пакетомати во Македонија: Приватната поштенска индустрија е во подем
Веројатно сте ги виделе големите автомати на кои пишува пакетомат. Можеби погледот ви прелетал преку нив, можеби сте од скептиците што не му веруваат на пакетоматот, па свесно го игнорирате, а можеби сте меѓу оние што го користат. Во секој случај, заклучокот е дека курирската индустрија во земјава веќе извесно време оди во нагорна линија, не само според обемот на работа како резултат на растот на е-трговијата туку и според подобрувањето на квалитетот на услугите, а и во однос на следењето на глобалните трендови.
Пакетоматите се во сопственост на компанијата „Карго експрес“, која нуди брза курирска служба низ земјава повеќе од две децении.
Европа и Блискиот Исток влегуваат во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциите
Владите низ Европа и Блискиот Исток забрзано бараат начин да обезбедат непречено функционирање на обемните нафтени операции на рускиот енергетски гигант „Лукоил“ (Lukoil PJSC), откако Министерството за финансии на САД ја санкционираше компанијата и минатата недела го блокираше клучниот обид за преземање на нејзините средства.
Втората по големина нафтена компанија во Русија управува со широка меѓународна мрежа што опфаќа нафтени полиња, рафинерии и бензински пумпи. Таа беше ставена под санкции од САД и Велика Британија минатиот месец, со краток рок – до 21 ноември – за прекин на сите постојни деловни односи со компанијата.