Џејми Дајмон рече дека сè уште не би ги отфрлил изгледите за рецесија во САД, но дека Федералните резерви (Фед) треба да почекаат пред да ги намалат каматните стапки.
„Светот се обложува на меко приземјување, веројатно од 70-80 отсто“, рече главниот извршен директор на „ЏП Морган“ (JPMorgan Chase & Co.) преку видеоврска на австралискиот бизнис-самит во Сиднеј во вторникот. „Мислам дека шансата за меко приземјување во следните година или две е половина од тоа. Стагфлација е најлошото сценарио“.
Дајмон рече дека економските показатели се дисторзирани од ковид-19 и дека ги зема со претпазливост, велејќи дека Фед треба да почека за поголема јасност пред да ги намали каматните стапки.
Прочитај повеќе

Февруарскиот извештај за инфлацијата нема да го натера Фед да ги намали стапките
Основниот индекс на потрошувачки цени најверојатно пораснал за 0,3 отсто во февруари, изјавија економистите на „Блумберг економикс“.
12.03.2024

Фeд не е доволно убеден за намалување на каматните стапки
Претседателот на Фед, Џером Пауел, им повтори на пратениците дека американската централна банка не брза да ги намали каматните стапки.
07.03.2024

Ники Хејли се откажа од претседателската трка, отворајќи му го патот на Трамп
Републиканската претседателска кандидатка Ники Хејли ја завршува својата кампања по слабите резултати во низата прелиминарни избори.
06.03.2024

На супервторникот Трамп и Бајден закажаа нов изборен дуел во ноември
Џо Бајден и Доналд Трамп постигнаа победи на т.н. прелиминарни избори во супервторникот во голем број држави.
06.03.2024

Бајден на прес-конференција тврдеше дека има добро памтење, па направи нов гаф
Бајден силно - а во некои моменти и луто - се обиде да се бори против коментарите за неговото слабо помнење.
09.02.2024

Трампономија 2.0: Што можеме да очекуваме ако Трамп победи на изборите
Анкета по анкета се покажува дека гласачите убедливо повеќе му веруваат на поранешниот републикански претседател.
02.02.2024
„Тие секогаш може брзо и драматично да пресечат. Нивниот кредибилитет овде е малку загрозен“, рече тој. „Невработеноста во САД во моментов е многу ниска, платите продолжуваат да растат“.
Дајмон смета дека додека американската економија моментално изгледа „како да цвета“, ризикот од рецесија останува.
„Ќе биде циркус“
На темата за американските избори, Дајмон рече дека е тешко да се предвиди победникот меѓу Џо Бајден и Доналд Трамп.
„Имате двајца мажи: и двајцата се постари, никој не смее да се разболи. Тоа е малку вознемирувачки“, рече тој. „Ќе биде циркус“.
Дајмон оцени дека Трамп е „неверојатна политичка фигура“, но е непредвидлив.
„Се надевам дека Трамп е многу попромислен, порационален од тоа како зборува за надворешната политика и како сака да се справи со тоа“, рече Дајмон.
Банкарот претходно изрази поддршка за републиканската кандидатка Ники Хејли, која ја прекина својата кампања минатата недела, по катастрофалните резултати на прелиминарните избори.