Украина нема да отстапи земја за да стави крај на војната, но е подготвена да соработува со американскиот претседател Доналд Трамп за вистински и траен мир, изјави претседателот Володимир Зеленски.
„Украинците нема да ја дадат својата земја на окупаторот“, напиша Зеленски на Телеграм и Х.
Ова е неговиот прв одговор на извештаите од петокот дека разговорите меѓу Вашингтон и Москва се фокусираат на договор со кој би се потврдила руската окупација на териториите заземени за време на воената инвазија, според лица запознаени со ситуацијата.
Прочитај повеќе

Трамп ќе се сретне со Путин в петок на Алјаска
Трамп на најави средбата на социјалните мрежи
09.08.2025

Накратко од светот: Трамп најави средба со Путин и Зеленски
Утрово стапија во сила царините на претседателот на САД, Доналд Трамп, поставувајќи нов тест за глобалната економија.
07.08.2025

Зеленски: Украина предлага средба со Русија следната недела
„Динамиката на преговорите мора да се забрза“, рече Зеленски
20.07.2025
Тоа го вклучува и барањето на рускиот претседател Владимир Путин Украина да го отстапи Крим, кој руските сили незаконски го анектираа во 2014 година, како и целиот источен регион Донбас. Ова би барало Зеленски да нареди повлекување на украинските сили од делови на регионите Луганск и Доњецк кои сè уште се под контрола на Киев.
Трамп во петок најави дека ќе се сретне со Путин на Алјаска на 15 август, при што Зеленски очигледно е исклучен од разговорите за ставање крај на војната, која влезе во својата четврта година.
Секоја одлука донесена без Украина „во исто време е и одлука против мирот. Таа нема да постигне ништо“, рече Зеленски.
„Одговорот на украинското територијално прашање веќе е запишан во Уставот на Украина. Никој нема и нема да може да отстапи од тоа.“
Украина е подготвена да соработува со Трамп и „со сите наши партнери“ за „мир кој нема да се распадне поради желбата на Москва“, додаде Зеленски.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...