Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговата земја предложила да се одржи средба со Русија следната недела, повеќе од еден месец по последната рунда директни преговори.
Рустем Умеров, кој во петокот беше именуван за секретар на Советот за национална безбедност и одбрана, го доставил предлогот до руската страна, рече Зеленски во своето дневно обраќање до нацијата.
„Динамиката на преговорите мора да се забрза“, рече Зеленски во саботата. „Сè мора да се направи за да се постигне примирје. Руската страна треба да престане да се крие од носење одлуки.“
Прочитај повеќе

Накратко од светот: Трамп ѝ се заканува на Русија со царини од 100 отсто
Царините ќе бидат воведени ако мировен договор со Украина не биде склучен до почетокот на септември.
15.07.2025

Пентагон критикуван поради одлуката да ја запре испораката на оружје за Украина
Опонентите на Трамп жестоко го критикуваат поради одлуката САД да ја стопираат испораката на оружје за Украина.
03.07.2025

Трамп размислува за санкции кон Русија, го нарекува Путин „луд“
„Не сум задоволен од она што го прави Путин“, рече Трамп. „Тој убива многу луѓе и не знам што, по ѓаволите, се случи со Путин“.
26.05.2025
Умеров, кој претходно беше министер за одбрана, ја предводеше украинската делегација на преговорите со Русија во јуни, што резултираше со почеток на голема размена на заробеници. Претседателот додаде дека се водат разговори за уште една размена, со цел да се спроведат договорите постигнати за време на тие директни преговори во Истанбул.
Прецизен датум за новата рунда разговори сè уште не е договорен и ќе биде дополнително координиран, јави руската новинска агенција ТАСС од Москва, повикувајќи се на неименуван извор. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави на 17 јули дека Русија чека предлози од Киев за трета рунда преговори, според државната агенција.
Зеленски исто така рече дека Украина е заинтересирана за што поскоро спроведување на договорите со американскиот претседател Доналд Трамп за противвоздушна одбрана и ново вооружување, додавајќи дека земјата е подготвена да извезува дронови.
Украинскиот претседател повторно повика на средба со рускиот претседател Владимир Путин, нагласувајќи дека „Украина е подготвена за таква средба“.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...