Пентагон во средата беше критикуван поради својата одлука да го запре испраќањето ракети за воздушна одбрана во Украина, при што конгресмените и од двете страни тврдат дека тој потег е кратковид во време кога Русија ги засили своите ракетни напади, како и оние со беспилотни летала.
Тие го оспорија аргументот на Пентагон дека паузата е неопходна додека САД ги разгледуваат своите резерви и ја проценуваат потребата од зачувување на оружјето за други закани. Иако бројките на резервите се класифицирани, оружјето што најмногу ѝ е потребно на Украина не е итно потребно на друго место и немаше итна потреба на земјата да ѝ се одбие оружјето што веќе беше на пат, рекоа тие.
„Разбирам дека има закани во индопацифичката област и на Блискиот Исток и треба да ги дополнуваме резервите, но решението е да се произведуваат повеќе, а не да се скратува од Украина“, рече сенаторот Ричард Блументал, демократ од Конектикат, во едно интервју.
Прочитај повеќе

Европа мора да вклучи приватен капитал за да го подмири цехот за одбрана
Европа би можела да потроши до 14 трилиони евра за одбрана и поврзана инфраструктура во следната деценија...
25.06.2025

Брифинг на Пентагон: Какво оружје беше користено во операцијата „Полноќен чекан“
За прв пат се употребени бомбите за пробивање бункери
22.06.2025

Самит на НАТО или барање решение како да се задоволи американскиот претседател Трамп
Дали лидерите на земјите членки на Алијансата ќе зборуваат со ист глас на денешниот самит и ќе се залагаат за зголемување на трошоците за одбрана?
24.06.2025

Накратко од светот: Нов бран руски напади со дронови на Украина
Најмалку едно лице загина, а тројца се повредени во новиот бран руски напади со дронови на украинските градови Киев и Одеса
10.06.2025

„Рено“ преговара со Франција за производство на дронови во Украина
Францускиот производител на автомобили „Рено“ разговарал со француското Министерство за одбрана за производство на дронови во Украина.
09.06.2025
Конгресменот Брајан Фицпатрик, републиканец од Пенсилванија и отворен бранител на Украина, побара итен брифинг од администрацијата за нејзината одлука да го спречи она што го нарече „итна спасувачка воена помош“.
Одлуката за суспендирање некои испораки на ракети за воздушна одбрана и артилериски гранати ги изненади Украина и нејзините сојузници, особено затоа што дојде само неколку дена откако претседателот Доналд Трамп сугерираше дека би бил подготвен да испрати повеќе ракети „патриот“ во Украина. Одлуката беше формулирана како дел од поширок преглед насочен кон помагање на САД да ги постигнат своите цели во Украина, а наедно да ја одржат подготвеноста на други места.
Критичарите ја окарактеризираа како политичка одлука од Белата куќа, која повика на крај на војната, но исто така одби да воведе нови санкции врз Путин или да одобри ново финансирање за Украина. Трамп, исто така, постојано го критикуваше претседателот Володимир Зеленски - вклучувајќи го и состанокот во Овалната соба претходно годинава, кој се претвори во жестока расправија. По тоа разгорување, тој накратко ги суспендира испораката на оружје и споделувањето разузнавачки информации.
Една земја сојузник од НАТО врши притисок врз Министерството за одбрана на САД да го преиспита потегот, според европски функционер запознаен со прашањето, кој побара да не биде именуван. На американски конгресмен, кој исто така побара да остане анонимен, му било кажано дека оружјето не се пренасочува на друго место, што сугерира дека паузата е само привремена.
Но многу функционери сè уште бараат одговори за потегот што предизвика конфузија и во администрацијата. Две лица запознаени со ова прашање рекоа дека дури ни Стејт департментот не бил консултиран за одлуката.
Во есеј како гостин за „Њујорк тајмс“, поранешниот советник за национална безбедност на претседателот Џо Бајден, Џејк Саливан, наведе дека главна цел на паузата е програмата позната како Иницијатива за безбедносна помош на Украина (USAI), која користи федерални средства за купување оружје директно од производители за испорака во Украина.
Bloomberg
Според програмата, Пентагон исто така можеше да го замени она што го испраќа во Украина со понова муниција.
Испораките на USAI „се добиваат од договори за набавка, а не од резервите на Пентагон и се разликуваат од нарачките за американската војска“, напиша Саливан. „Администрацијата можеби не сака да го каже тоа, но во реалноста се чини дека претседателот ја намалува безбедносната помош на САД за Украина“.
Блументал и други рекоа дека потегот е спротивен на целта на Трамп за завршување на војната и ѝ дава предност на Русија. Трамп постојано изјавува дека сака да донесе траен крај на војната и го повика претседателот Владимир Путин да го стори тоа.
Портпаролот на Пентагон, Шон Парнел, изјави дека одлуката е дел од поширока тековна ревизија за тоа каде САД испраќаат муниција. Тој одби да даде детали за запирањето на испораките кон Украина.
Администрацијата сè уште не даде целосен извештај за оружјето што е запрено, но во извештаите се наведува дека тука се вклучени ракети „патриот“ (Patriot), артилериски гранати, системи за воздушна одбрана „стингер“ (Stinger) и ракети „хелфаер“ (Hellfire). Русија ги засили нападите со долг дострел, особено со беспилотни летала „шахед-136“ (Shahed – 136), насочени кон украинските населени места. Во јуни Русија лансира 33 отсто повеќе беспилотни летала „шахед-136“ отколку во мај, според податоците на украинските воздухопловни сили.
Европските партнери обезбедија некои системи за воздушна одбрана на Украина што можат да пресретнат беспилотни летала „шахед“ и крстосувачки ракети, но се „бескорисни против руските балистички ракети“, рече геоекономскиот аналитичар на „Блумберг економикс“, Алекс Кокчаров.
Потегот за запирање на овие испораки на оружје „не е во согласност со голем број многу силни чекори што претседателот Трамп и неговиот тим ги презедоа минатата недела“, рече Џон Хербст, виш директор на Центарот за Евроазија на Атлантскиот совет. Тоа беше референца на договорот постигнат на самитот на НАТО за зголемување на трошоците за одбрана и сродна инфраструктура на 5 отсто од БДП.
Русија го поздрави прекинот на испораките на оружје, а портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека одлуката ќе го приближи постигнувањето договор.
„Путин ќе ја смета оваа одлука на Пентагон како зелено светло за игнорирање на предупредувањата на Трамп да престане“, рече пензионираниот контраадмирал Марк Монтгомери, виш соработник во Фондацијата за одбрана на демократиите.
-Со помош на Ерик Мартин
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...