Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет, зборувајќи пред новинарите во Пентагон, изјави дека операцијата во саботата „бараше голема прецизност и највисоко ниво на оперативна безбедност“, пренесува „Блумберг“.
Хегсет исто така рече дека нападите, наречени „Операција полноќен чекан“, ја означуваат првата борбена употреба на т.н. бомба за пробивање бункери („bunker-buster“).
„Во тој поглед, ова беше историски момент – напад кој ја вклучи најдолгата мисија на бомбардерот B-2 Spirit од 2001 година наваму, и првото оперативно користење на MOP – масивниот пробивачки експлозив (massive ordnance penetrator)“, изјави Хегсет.
Прочитај повеќе

САД ги нападнаа нуклеарните објекти, Иран се закани со „вечни последици“
Трамп рече дека иранските клучни објекти за збогатување ураниум се целосно и комплетно уништени.
22.06.2025

Американски бомбардери полетаа од САД, се движат преку Пацификот
Трамп испраќа мешани сигнали околу вклучувањето во конфликтот на Блискиот исток
21.06.2025

Кои се последиците од нападот на САД врз Иран за светската економија
Цената на нафтата може да се зголеми на над 130 долари за барел
22.06.2025

Што е посебно во врска со американската бомба за пробивање бункери?
Овие бомби тежат 13.600 килограми и се долги 6 метри
22.06.2025

Берзите во Израел и Саудиска Арабија пораснаа по нападите на САД врз Иран
Глобалните инвеститори се подготвуваат за пазарни турбуленции
22.06.2025

По нападот на САД врз Иран: Итен состанок на МААЕ, ЕУ повикува на воздржаност
Меѓународната агенција за атомска енергија утре ќе одржи итен состанок
22.06.2025
Последен пат кога бомбардери B-2 извршија толку долга мисија беше веднаш по терористичките напади на 11 септември 2001 година врз САД. Тогаш беа користени за напади врз Авганистан.
Генералот Дан Кејн, претседател на Заедничкиот штаб на САД, изјави за новинарите дека американска подморница испукала повеќе од дваесет крстаречки ракети томахавк врз нуклеарниот објект во Исфахан.
Хегсет исто така рече дека иако финалната процена на штетата сè уште не е завршена, „сите наши прецизни проектили го погодија она што сакавме да го погодат и постигнаа очекуван ефект.“
Пентагон тврди дека оваа мисија нема за цел промена на режимот во Иран
„Мисијата не беше, и не е, за промена на режимот“, рече Хегсет. „Претседателот одобри прецизна операција за неутрализирање на заканите по нашите национални интереси кои произлегуваат од иранската нуклеарна програма.“
Секретарот за одбрана Пит Хегсет истакна дека претседателот Трамп „ја даде на Иран секоја можност, но, за жал, се соочи со ѕид на игнорирање“.
„Во еден момент тој сфати дека мора да се преземе конкретна акција за да се минимизира заканата“, додаде Хегсет.
Претседателот Трамп во четвртокот рече дека ќе му даде на Иран „две недели“ да се врати на преговарачка маса, но нападот го нареди два дена подоцна.
На прашањето какви безбедносни мерки се преземаат за заштита на американските трупи на Блискиот исток, генералот Кејн одби да коментира. Но додаде дека САД делуваат „проактивно, а не реактивно“ во заштитата на своите војници во регионот.
Кејн рече дека имало ограничена координација со Израел откако операцијата започнала:
„Се погриживме да не сме во истиот воздушен простор. Освен тоа, толку беше целата соработка“, изјави тој.
Хегсет додаде дека САД се во контакт со Иран:
„Постојат и јавни и приватни пораки кои директно ѝ се испраќаат на иранската страна преку повеќе канали, давајќи им секоја можна можност да се вратат на преговарачката маса.“
Тој истакна дека Иран „сигурно се соочува со реалноста дека авиони полетале од срцето на Америка, од Мисури, и преку ноќ, целосно незабележани, прелетале над три од нивните најчувствителни објекти.“
„Веруваме дека тоа ќе има јасен психолошки ефект врз нивната перцепција за иднината“, предупреди Хегсет.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...