Катарски воен претставник изјави на брифинг дека добил разузнавачки информации од сопствените системи дека Иран истрелал седум ракети насочени кон воздухопловната база Ал Удеид и сите биле пресретнати над територијалните води на Катар.
Веднаш потоа врз базата биле лансирани 12 ракети, а одбранбените системи ги пресретнале сите освен една што паднала во базата. Немало жртви.
Портпаролот на Министерството за надворешни работи Маџид ал-Ансари вели дека сега нема друг избор освен завојуваните страни да се вратат на преговарачката маса.
Американскиот претседател Доналд Трамп сподели објава на Трут (Truth Social): „Иран официјално одговори на нашето уништување на неговите нуклеарни објекти со многу слаб одговор, кој го очекувавме, и многу ефикасно возвративме. Испукани се 14 ракети - 13 беа соборени, а една беше „ослободена“, бидејќи се движеше во незаканувачки правец. Со задоволство известувам дека ниеден Американец не беше повреден и не беше направена речиси никаква штета. Најважно од сè, тие го извадија сето тоа од својот ’систем’ и, се надевам, нема да има понатамошна омраза. Сакам да му се заблагодарам на Иран што ни даде рано известување, што овозможи да не се изгубат животи и никој да не биде повреден. Можеби Иран сега може да продолжи кон мир и хармонија во регионот, а јас ентузијастички ќе го охрабрам Израел да го стори истото тоа. Благодарам за вашето внимание на ова прашање!“
Портпаролот на американската влада претходно потврди дека нема извештаи за жртви во базата Ал Удеид. Базата била нападната со балистички ракети со краток и среден дострел, рече портпаролот.
Првично еден сведок од Доха изјави дека слушнал осум одделни експлозии, иако не било јасно колку од нив биле ракети што го погодиле Катар, експлодирале додека биле во воздух или се воздушна одбрана што ги погодила нивните цели.
Први објавија иранските државни медиуми, а според нив Техеран испукал ракети кон американска воздухопловна база во Катар. Тоа беше одговор на американските воздушни напади врз нуклеарните постројки на Иран за време на викендот. Катар објави затворање на својот воздушен простор кратко време пред веста за нападот.
Нападот вклучувал најмалку шест ракети испукани кон американската база во Катар, според лице запознаено со ова прашање.
Само пред еден месец Доналд Трамп беше во воздухопловната база Ал Удеид, придружуван од дронoт MQ-9 Reaper и F-15, па им се заблагодаруваше на војниците и ја истакна својата понуда за еден трилион долари за трошоци за одбрана.
Настанот на 15 мај ги имаше сите обележја на митинг на Трамп, но исто така послужи да се нагласи стратешката важност на базата, најголемата американска воена инсталација во регионот. Пространиот комплекс треба да биде домаќин на американски војници најмалку уште една деценија според договорот постигнат минатата година.
Цената на нафтата паѓа по веста за лансирањето на иранската ракета. Се чини дека првичниот став на трговците е дека Техеран не сака да цели на нафтената инфраструктура.
Брентот падна за околу 4,3 отсто во Лондон.
По 45 минути од објавата за нападот, Катар соопшти дека базата била евакуирана однапред, што дополнително сугерира дека Иран однапред телеграфски го најавил нападот и сакал да избегне жртви.
„Базата беше евакуирана претходно, следејќи ги воспоставените безбедносни и превентивни мерки, со оглед на тензиите во регионот“, изјави портпаролот на министерот за надворешни работи на Катар. „Уверуваме дека воздушната одбрана на Катар успешно го спречи нападот и ги пресретна иранските ракети“.
Текстот се дополнува.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...