text size
Чувствителноста на цената на нафтата на геополитичките тензии уште еднаш беше на тест во последниот период. Разгорувањето на конфликтот меѓу Израел и Иран, а од викендот вклучувањето и на САД во воените дејствија ја вивнаа цената на Брентот, но само минути откако Иран нападна американска база во Катар, а американскиот претседател Доналд Трамп подоцна најави и примирје, цената на нафтата остро падна. Впрочем падот беше околу пет проценти, а вчера во текот на денот се тргуваше по цена од околу 69 долари за барел.