text size
Во „Мерцедес“ (Mercedes-Benz) се убедени дека иднината е електрична. Затоа тие продолжуваат да ја прошируваат својата експертиза во областа на електричната мобилност и развојот на технологии за погонски системи за електрични возила. Конкретно, последниот чекор на компанијата во оваа насока е истражување и унапредување на одржливата технологија за батерии со отворање на истражувачки центар (eCampus) во нејзиното седиште во Штутгарт-Унтертуркхајм.