text size
Светот на теренските возила, и покрај нивната популаризација со робустен изглед, е релативно ограничен свет во кој се вбројуваат само неколку имиња. Главната причина за тоа е погонот на сите четири тркала, кој е технички релативно комплициран и скап, а многумина и не го употребуваат. Ако ништо друго, најголемиот дел од теренците што доминираат на улиците и во продажните листи се продаваат со погон на две тркала, додека повеќето производители воопшто не нудат опција за погон на сите четири тркала.