Еден од најпопуларните модели на „Ролекс“ (Rolex), челичниот ГМТ-МАСТЕР II со црвено-синиот „Пепси“ ротирачки оквир бележи силен раст на цените на секундарниот пазар во пресрет на еден од клучните годишни настани во индустријата на часовници, поради шпекулациите дека моделот е повлечен од производство.
„Вочис енд Вондерс“ (Watches and Wonders), саем што во април во Женева ќе собере колекционери од целиот свет и повеќе од 60 брендови, оваа година е во фокусот токму поради прашањето што е тоа што ќе претстави „Ролекс“. Шпекулациите за прочуениот модел „Пепси“ се засилени, а барањата за купување се зголемиле за повеќе од 500 отсто во споредба со просекот за 2025 година веќе во првата недела од март, според податоците на платформата „Кроно24“ (Chrono24).
Bloomberg Subdial Watch Index, кој ги следи цените на 50-те најтргувани модели според вредноста на трансакциите, покажува раст на цената на моделот „Пепси“ од околу 3.000 долари од почетокот на годината. Во исто време, бројот на активни огласи за овој часовник на платформата е намален за околу една четвртина.
Прочитај повеќе
Како вашата луксузна инвестиција да биде долготрајна
Инвестирањето во себе, било преку здравје, технологија или луксузни брендови, станува новиот начин за градење сигурност.
01.03.2026
„Ролексот“ што го сакате сега можеби ќе биде достапен - но не за долго
Со малку среќа, денес е можно да купите часовник „ролекс“ директно од продавница, дури и ако не е баш моделот што го сакате. Еве зошто...
28.02.2026
Овие часовници „ролекс“ изгледаат идентично, но зошто златниот чини 17.000 долари помалку?
Иако изгледаат исто, златниот и платинестиот „ролекс деј-дејт“ нудат различна вредност како инвестиција - златото моментално нуди поголема вредност во однос на цената на основниот метал и понизок фактор на премија.
11.01.2026
Најдобрите луксузни часовници за подарок за секоја личност во вашиот живот
Часовникот зборува за стилот, карактерот и вредностите. Затоа овој водич ги издвојува најдобрите луксузни модели според тоа кому му се наменети, а не според трендовите.
13.12.2025
„Картие“ е „Ролекс“ за генерацијата зед, благодарение на Тејлор Свифт
Објавата за свршувачката на Тејлор Свифт и нејзиниот редок часовник „картие“ од злато и дијаманти предизвикаа возбуда кај љубителите на часовници, зацврстувајќи го „Картие“ како најпосакуван бренд од генерацијата зед.
03.12.2025
Дали ви треба часовник за нуркање, трчање, голф или сè во едно? Еве го решението
Луксузните спортски часовници станаа многу повеќе од симболи на статус – тие се инструменти за перформанси, дизајнирани да издржат екстремни услови без да се прави компромис со естетиката
19.07.2025
Bloomberg
Оваа реакција покажува до кој степен перцепцијата за недостиг, било реален или шпекулативен - влијае врз цените на секундарниот пазар на часовници. Како еден од најликвидните и највлијателни модели на „Ролекс“, ГМТ-МАСТЕР II „Пепси“ има значајна улога во формирањето на вкупниот пазарен сентимент. Наглиот раст на побарувачката и намалувањето на понудата укажуваат на пазар кој и понатаму е силно воден од шпекулации за повлекување на моделот, при што цените сè повеќе се оддалечуваат од малопродажниот пазар и се темелат на очекувањата за идната достапност.
„Изгледа дека продавачите ги задржуваат залихите очекувајќи раст на цените, или достапните примероци брзо се купуваат на пазарот“, изјави Балаж Ференци, директор за ангажман на брендот во „Кроно24“ (Chrono24).
Според пишувањето на „Вотч Про“ (WatchPro), некои овластени дистрибутери потврдиле дека повеќе нема да има испораки на моделот „Пепси“. „Ролекс“ не сакаше да ги коментира овие наводи.
Шпекулациите околу моделот „Пепси“ дополнително го поттикнуваат интересот за претходните верзии, вклучително и „Коук“ ГМТ-МАСТЕР II, чие производство „Ролекс“ официјално го прекина во 2007 година. Моделот со црвено-црн ротирачки оквир беше заменет со линијата ГМТ-МАСТЕР II со керамички. Иако нови „Коук“ модели повеќе не се произведуваат, тие и натаму имаат силна побарувачка на пазарот на половни часовници.
„Забележуваме јасен прелевачки ефект кон претходниот модел, при што барањата за купување на почетокот на март речиси се удвоија во споредба со просекот за 2025 година“, наведува „Кроно24“.