text size
Меѓу бројните видеа што ги објавува платформата за препродажба на луксузна стока „Лав Лакшури“ (Love Luxury) има објави со жена која бара егзотична „Хермес“ чанта за да „изгледа богато“ додека излегува со милијардер; маж кој купува „Биркин“ како подарок за прв состанок; па дури и клиентка која бара огромна „Хермес“ чанта за во неа да ја носи својата мачка. (Извинете, ја сакам својата мачка, но би била среќна и со кеса од самопослуга).