text size
Расте интересот за авторски накит во земјава. Она што до неодамна беше препознатливо главно меѓу љубителите на дизајнот и уникатните изработки, денес привлекува сè поширок круг потрошувачи. Промените во купувачките навики, интересот за производи со личен печат и поголемата свест за нивната вредност придонесуваат за растот на овој сегмент. Во исто време, социјалните мрежи и онлајн продажбата им овозможуваат на домашните дизајнери полесно да допрат до нова публика.