text size
Дали 97 поени на натпреварот „Декантер ВВА“ (Decanter WWA), големите златни медали на „Мундус вини“ (Mundus Vini) во Германија или националните признанија на „АВЦ Виена“ (AWC Vienna) ги одредуваат вистинските вински ѕвезди или сепак тоа е хедонистичката поврзаност на одредени вина со гастрономијата? Можат ли и помалку познатите вина да изненадат покрај добар оброк? Еве неколку применливи ено-гастро предлози избрани врз основа на одредени специфичности, но и од лично искуство (вклучувајќи го и она најдоброто, од грозје до вино) додека патувате низ регионот.