text size
Милијардерот Френк Мекорт верува дека професионалното прескокнување пречки со коњи со децении било комерцијално потценето. Сега вложува 300 милиони долари за да го промени тоа. Седумдесет и двегодишниот Мекорт го стекнал богатството во недвижности, сопственик е на францускиот фудбалски клуб „Олимпик Марсеј“, а бил сопственик и на „Лос Анџелес доџерс“. Сега ја поддржува „Премиер џампинг лига“ (Premier Jumping League - PJL), која би требало да почне со натпревари во 2027 година, со амбиција едно од најстарите спортски натпреварувања во светот да го претвори во глобална лига заснована на франшизи.
Прескокнувањето пречки како натпреварувачки спорт датира уште од 1865 година. Има етаблирани натпревари што привлекуваат публика и пари, но му недостигаат препознатливи тимови и приказна што трае во текот на целата сезона и го задржува вниманието на публиката, смета Мекорт.
„Премиер џампинг лига“ има големи амбиции. Планира 16 тима, од кои два веќе се продадени по цена од 50 милиони долари секој. Лигата планира во текот на првата година да продаде уште два тима, додека преостанатите 12 ќе бидат понудени под закуп. Тимовите ќе избираат натпреварувачи од базата на најдобрите јавачи во светот.
Прочитај повеќе
„Хермес“ слабее во Кина: Луксузниот гигант се соочува со нов проблем
Ниту „Хермес“ не е имун на забавувањето на пазарот на луксузни производи. Продажбата на производите од кожа во вториот квартал потфрли во однос на очекувањата на аналитичарите, а акциите на компанијата паднаа на најниско ниво во повеќе од три години.
30.07.2026
Кризата во Ормуз ја стега и модната индустрија – зошто облеката наскоро би можела да поскапе?
Судирите во Ормускиот Теснец не им се закануваат само на цените на горивата. Бидејќи околу 70 отсто од светските текстилни влакна се произведуваат од нафта, последиците од кризата би можеле да стигнат и до нашите плакари – од брзата мода на платформите како „Шеин“ и „Тему“, до луксузните модни брендови.
23.07.2026
Халанд, Белингем и други спортски ѕвезди ги прават машките чанти нов статусен симбол
Со забавувањето на продажбата на луксузни женски чанти, модните брендови сè повеќе сметаат на мажите како нова движечка сила на пазарот.
19.07.2026
Колку ѕвездички има јадранскиот луксуз?
Хрватска сака да премине од рекорден број туристи кон поголема вредност по гостин, но успехот ќе зависи од управувањето со просторот, инфраструктурата и квалитетот на понудата.
02.07.2026
Дали е подобро да се купуваат луксузни брендови на аеродромите?
Иако повеќето патници низ терминалите минуваат набрзина, аеродромите ширум светот незабележливо стануваат елитни модни дестинации што на најмудрите купувачи им нудат пристап до ретки парчиња по поповолни цени.
28.06.2026
За да привлече врвни натпреварувачи, новата лига гарантира награден фонд од 300 милиони долари во текот на првите три сезони, а парите ги обезбедува Мекорт.
„Ова е спорт во кој се вложуваат милијарди и милијарди долари“, изјави Мекорт. „Само нема платформа што би го обединила сето тоа.“
Френк Мекорт Јуниор/Aaron Schwartz/Bloomberg
Нова инвестициска цел
Инвеститорите во последните години вложуваат голем капитал во нови спортски проекти, обложувајќи се дека натпреварувањата со неискористен комерцијален потенцијал можат да се претворат во вредни медиумски, спонзорски и франшизни бизниси. Многу нови проекти нудат поинакви формати. Меѓу нив се ТГЛ, затворена голф-лига поддржана од Тајгер Вудс, и „Сејл ГП“ на Лери Елисон, натпреварување со брзи пловила.
И вложувањата во коњичкиот спорт силно пораснаа во текот на последната деценија. Најдобрите коњи денес редовно се продаваат за повеќе од десет милиони долари. Наградните фондови, сепак, останаа релативно непроменети, што ги ограничува можностите за заработка на јавачите и го забавува поширокиот комерцијален развој на спортот, смета Мекорт.
Мекорт верува дека „Премиер џампинг лига“, која ја основал заедно со раководителите од угостителскиот сектор Нил Мофит и Ник Мекејб, може да го промени тоа.
Наместо од темел да го менуваат прескокнувањето пречки, основачите на лигата велат дека преземаат елементи од успешни спортски модели, вклучувајќи ги Формула 1 и „Сејл ГП“. Целта е да создадат повеќемесечно натпреварување со препознатливи франшизи, драфт и јасен календар, наместо сегашната фрагментирана сцена во која најдобрите светски јавачи ретко се среќаваат на исти натпреварувања.
„Сакаме да бидеме Лигата на шампионите на еден етаблиран спорт“, изјави Мофит, споредувајќи ги амбициите на лигата со најелитното европско клупско фудбалско натпреварување.
„Спортот има суштински недостатоци“
Ќеката како инспирација
Мофит вели дека идејата делумно произлегла од искуството на неговата ќерка, која се натпреварувала на врвно ниво. По настапот на професионален натпревар, таа дошла кај него подготвена да ги закачи јавачките чизми на клин, велејќи дека овој спорт едноставно не е одржлив бидејќи не носи доволно пари за да може самостојно да се издржува.
За да го променат тоа, „Премиер џампинг лига“ планира да гарантира награден фонд од 100 милиони долари во секоја од првите три сезони. Тоа повеќекратно би ги надминало постојните наградни фондови. Натпреварувањето „Глобал шампионс“ (Global Champions), кое ги опфаќа индивидуалниот „Лонжин глобал шампионс тур“ (Longines Global Champions Tour) и екипниот, лигата „Глобал шампионс“ (Global Champions League), понуди повеќе од 36 милиони евра во текот на последната сезона.
Исплетена коњска грива - овој убавец е подготвен за фотографирање/Al Drago/Bloomberg
Основачите на „Премиер џампинг лига“ велат дека толку голем награден фонд би можел да им овозможи на поголем број јавачи да живеат од натпреварувањето, наместо да зависат од тренирање други јавачи, трговија и продажба на коњи или од богати покровители кои ги финансираат кариерите на највисоко ниво.
Лигата веќе почна да привлекува и други инвеститори. Американскиот инвеститор и возач на тркачки автомобили Џејсон Мекарти, чија ќерка е јуниорска натпреварувачка во прескокнување пречки, го купил првиот тим во јуни, по проценета вредност од 50 милиони долари.
Елизабет Мекмилан, консултантка за бизнис во коњичкиот спорт, вели дека неколку елементи од моделот на „Премиер џампинг лига“ веќе постојат. За да се издвои, новата лига ќе мора да покаже дека може да привлече и поширока публика, смета таа.
„Премиер џампинг лига“ планира натпреварите да ги емитува бесплатно на платформа што сè уште не е објавена. Лигата смета дека така ќе го зголеми бројот на гледачи, а потоа ќе привлече спонзори и ќе ја поттикне публиката да плаќа за присуство на натпреварите, како и за премиум угостителски услуги на самото место.
Потпирајќи се на искуството во компании од секторот за луксузно угостителство, Мофит и Мекејб гледаат можност да го променат и искуството од следењето на натпреварите во живо. Тие велат дека врвното прескокнување пречки долго време било наменето за имотна публика, но не ѝ нудело вистинско премиум искуство - од храна и пијалаци до ВИП-понуда.
Формула 1, но во седло
Еден од предизвиците за „Премиер џампинг лига“ ќе биде да обезбеди доволен број врвни јавачи и коњи, имајќи ја предвид конкуренцијата од етаблираните натпреварувања, смета Мекмилан. Сепак, досега невидениот награден фонд на лигата би можел да биде голема предност.
„Влегуваат во свет во кој веќе има прилично голем број натпреварувања“, изјави Мекмилан. „Јавачите се заморуваат меѓу различните натпреварувања, а коњот не можете да го водите на секој од нив.“
Приказната е поважна од самиот спорт?
Мекмилан смета дека комерцијалниот потенцијал на лигата би можел повеќе да зависи од тоа дали публиката ќе се поврзе со јавачите, коњите и ривалствата меѓу нив, отколку од тоа дали ќе го засака само прескокнувањето пречки.
Ваквиот пристап им помогна на Формула 1 и на другите нови спортски проекти да привлечат масовна публика. Сепак, Мекмилан не е сигурна дека таквиот интерес ќе се претвори и во подготвеност на гледачите да доаѓаат на натпреварите во живо.
Мекорт, сепак, е уверен дека спортот ќе го направи останатото кога на публиката ќе ѝ се овозможи полесно да го следи.
„Не мора ништо да измислувате“, изјави Мекорт. „Овој спорт ќе понуди секаква драма и приказни. Потребни ви се само талентирани луѓе што ќе го забележат тоа.“