Долго најавуваните мемоари на војводата од Сасекс во кои се очекува дека ќе ја раскаже голата вистина за неговиот живот во кралското семејство, ќе бидат објавени по Нова година.
Книгата на Хари се вика „Резерва“ (Spare – се однесува на фразата "the heir and the spare"- Престолонаследниот и резервата), на глобално ниво ќе излезе од печат на 10 јануари.
Мемоарите ќе ги објави Пингвин Рандом Хаус (Penguin Random House), а во соопштението на компанијата се вели: „Резрева“ ги носи читателите назад до една тажна слика од 20 век: две момчиња, два принца одат зад ковчегот на нивната мајка додека светот ги гледа нивната тага и страв.
„Откако Дијана, Принцезата од Велс, беше погребана, милијарди луѓе се прашуваа што мислеа и што чувствуваа принцовите и како се одвиваа нивните животи по тој настан. За Хари, ова е конечно, неговата приказна“.
Портпаролот на кралот одби да коментира.