Војводата од Сасекс тврди дека не бил вистинскиот кум на свадбата на неговиот брат, принцот од Велс.
Хари, наводно, во својата книга рекол дека измамата била изведена за да ги спаси двајцата најблиски пријатели на Вилијам, Џејмс Мид и Томас Ван Штраубензи, од вниманието што улогата на кум би значела за нивниот приватен живот.
Во мемоарите насловени како „Резерва“, кои случајно беа објавени порано во Шпанија, војводата ја опишува својата улога на кум како „безобразна лага“ и вели дека г-дин Мид и Ван Штраубензи го одржале традиционалниот говор.
Според Дејли Мирор - еден од многуте медиуми кои добија копија од шпанската верзија и ја преведоа - Хари пишува: „Вили не сакаше да му одржам говор како кум“.
Војводата, исто така, тврди дека неговиот брат бил „потрошен“ од пиење рум во часовите пред неговата венчавка со Кејт, и дека бил пијан кога излегол да ги поздрави луѓето пред свадбата.
Хари вели дека можел да ги почувствува „ефектите од синоќешниот рум“ во здивот на неговиот „пијан“ брат и му понудил на Вилијам мента при тоа спуштајќи ги прозорците од нивниот автомобил, велејќи му: „Мирисаш на алкохол“.
Пишувајќи за сопствената свадба седум години подоцна, Хари тврди дека Вилијам му наредил да ја избричи брадата затоа што не можел да ја поднесе помисла дека неговиот помлад брат да има таква привилегија.
„Во еден момент тој всушност ми нареди, како наследник, да се избричам“, пишува тој.
Книгата, која треба да излезе во вторник и е напишана од Џ.Р.Мерингер, доаѓа по документарецот на Хари и Меган за Нетфликс, во кој војводата рече дека се исплашил кога Вилијам „се дерел“ на него во текот на разговорите во Сандрингам во 2020 година.
Мемоарите доаѓаат четири месеци по смртта на бабата на Хари, кралицата Елизабета Втора, и почетокот на владеењето на неговиот татко како крал, а ги следи годините на превирања во кралското семејство среде кризата со Мегзит, смртта на војводата од Единбург, обвинувања за расизам за кои двојката зборуваше во интервјуто кај Опра и долготрајна кавга на браќата.