text size
Њујорк е градот со најголем број милионери, а во Сан Франциско живеат најмногу милијардери. Хонгконг падна зад конкурентот Сингапур во рангирањето на најбогатите градови во светот. Имено, Њујорк предводи според бројот на милионери и таму живеат 340.000, а Сан Франциско, градот што е трет на листата според жителите милионери, всушност е домаќин на најмногу милијардери, дури 63, или петмина повеќе од Њујорк.