Њујорк, Токио, Сан Франциско и околината се на самиот врв на листата на градови во кои живеат најмногу милионери. Ова го покажува извештајот на специјализираната консултантска куќа за недвижности, Henley&Partners.
Половина од милионерите од десетте најдобро рангирани градови доаѓаат од САД. Меѓутоа, ако податоците се анализираат повнимателно, Њујорк загубил 12 отсто од населението со висока нето вредност во првата половина на 2022 година, додека во исто време, Сан Франциско и околината забележале прилив на поединци со висока нето вредност. Лондон, кој е на четвртото место, забележа пад од 9 отсто. Овој извештај е наменет за милионери со средства за инвестирање од еден милион долари или повеќе.
Главниот град на Саудиска Арабија, Ријад и Шарџа, кој е трет по големина во земјата според бројот на население, годинава бележат најголем пораст на бројот на милионери. Ова се податоци на New World Health, компанија за обработка на податоци за богатство.
Абу Даби и Дубаи, исто така, го следат трендот на зголемување на бројот на милионери по градови, бидејќи Обединетите Арапски Емирати ги привлекуваат најбогатите со својата политика на ниско оданочување и имиграциски бенефиции, а приливот на богати Руси секако придонесе за рекордните бројки на ОАЕ.
Шангај и Пекинг се на деветтото и десеттото место во рангирањето на најбогатите градови, но го следат трендот за губење на милионерите. Henley&Partners оценува дека ваквиот тренд на намалување ќе продолжи и дека Кина, веднаш по Русија, ќе има најголем одлив на богатство.