text size
„Сент стакинг“ (Scent stacking) е прогласен за еден од најбрзорастечките трендови за 2026 година. Концептот што означува комбинирање два или повеќе готови мирисни производи веќе создаде револуција во индустријата за парфеми, иако се однесува и на мешање други продукти, како гелови за туширање, хидратантни лосиони и кремови, но и спрејови за тело и за коса.