text size
Невозможно е да се зборува за Нијагарините Водопади, а да не се спомене Никола Тесла, чија визија засекогаш го промени начинот на кој природната сила се претвора во енергија. Токму таму, каде што водата се спушта во еден од најмоќните природни спектакли во светот, е реализирана една од клучните пресвртници во современата електроенергетика и наследството на Тесла.