text size
„Мишлен“ го објави годинашниот избор на хотели и додели нови, односно ги потврди постојните клучеви на „Мишлен“, хотелско признание споредливо со ѕвездите на „Мишлен“ за рестораните. По целогодишната потрага по нови кандидати, инспекторите им го доделија првиот клуч на речиси 500 хотели, а повеќе од 80 хотели напредуваа во годинашниот избор. Првпат беа вклучени и 10 земји, а 18 хотели првпат го добија највисокото признание - три клуча.