text size
Најпрво се огласува ѕвоното. Луѓето набрзина се тргаат од шините, а жената од кафулето вика по своите мачки зашто излегуваат токму таму каде што секој миг треба да мине легендарниот ханојски воз. И навистина, неколку секунди подоцна возот минува на помалку од еден метар од мојата шолја.