УЕФА го реформирa процесот за добивање на правата за пренос на своето најважно натпреварување, Лигата на шампиони, делумно поради напорите на европската фудбалска организација да ја зголеми привлечноста за стриминг-сервисите како што се Амазон (Amazon) и Нетфликс (Netflix).
Според анонимен извор, телевизиските куќи и стриминг-сервисите ќе можат да се понудат за правата на повеќе пазари истовремено. Досега, големите тендери се распишуваа во различни периоди, во зависност од постојните договори, што го отежнуваше обединувањето на понудите.
Лигата на шампиони е водечко годишно натпреварување на УЕФА, кое секоја сезона генерира милијарди евра комерцијални приходи. Сепак, медиумските права беа фрагментирани, бидејќи околу 100 различни емитувачи купуваа разни пакети.
Прочитај повеќе

„Армани“ и Наполи ги кршат правилата со двоцифрен број на дресови секоја сезона
Наполи во 2021 година направи потег што во фудбалскиот бизнис звучеше речиси егзотично.
24.09.2025

Тајните на спортскиот бизнис на „Ред бул“
Екстремните спортови остануваат јадро на идентитетот на брендот, но фокусот на бизнис-моделот сега е во сопственоста на тимовите.
28.09.2025

Премиер-лигата и неколку супер клубови: Како е урнат митот за 5-те најсилни лиги во Европа
Со години европскиот фудбал се делеше на „пет најсилни лиги“ (Англија, Шпанија, Италија, Германија и Франција) и тоа беше аналитичката рамка, утврдена категорија во која се мереше моќта на пазарот, привлечноста на ѕвездите и вредноста на ТВ-правата. Сепак, летото 2025 покажа дека таа поделба повеќе нема смисла.
19.09.2025

Модриќ и Ѓоковиќ избираат наследство, други спортисти ги ловат арапските милиони
Во завршницата на кариерата, врвните спортисти избираат меѓу две стратегии. Едната е „златниот излез“ — Саудиската Про лига и, со поинаква логика, МЛС, каде платите, даночниот третман и комерцијалните пакети нудат рекордни суми
12.09.2025
УЕФА сега разгледува можност за долгорочни договори, изјавил изворот, кој побарал да остане анонимен поради доверливоста на информациите. УЕФА ги промени правилата пред повеќе од две децении, делумно под притисок на Европската комисија, за да ги скрати типичните договори на три години и така да ја зголеми конкурентноста.
Новорегулираниот процес може да вклучува и глобална понуда, што би овозможило првпат еден провајдер да пренесува натпревари низ светот, изјавил изворот. УЕФА следните недели ќе распише тендери за периодот од 2027 година и понатаму.
При донесувањето одлука нема да се разгледуваат само финансиските вредности на понудите туку и нивниот опсег и промотивна поддршка, додал изворот.
Привлечни договори
Советници на УЕФА во овој процес се „Релевент фудбал“ (Relevent Football Partners), подружница на американската компанија „Релевент спортс“ (Relevent Sports), УЦ3 (UC3), комерцијална подружница на УЕФА, и Здружението на европските клубови. Претставниците на „Релевент спортс“ и УЦ3 одбиле да коментираат.
Долгорочните договори станаа попривлечни за УЕФА по успехот во САД. Во 2022 година „Парамаунт“ (Paramount) се согласи да плати 1,5 милијарда долари за долгорочен договор за американските медиумски права на преносите на Лигата на шампиони до 2030 година.
Тендерот во САД го водеше компанијата „Релевент спортс“, која ја основал сопственикот на Мајами долфинс (Miami Dolphins), Стивен Рос. „Релевент спортс“ тогаш ги победи конкурентите како „Октагон“ (Octagon) и ИМГ (IMG), делумно ветувајќи дека ќе ги продава правата за најмалку 250 милиони долари годишно.
По договорот во САД, во март годинава „Релевент спортс“ доби мандат за застапување на глобалните медиумски и спонзорски права на УЕФА за периодот 2027-2033.
Стриминг-гигантите сè повеќе додаваат големи спортски настани во својата понуда, но досега главно се фокусираат на поединечни спектакли, а не на целокупни натпреварувања. Нетфликс неодамна договори пренос на хоумран-дербито на МЛБ (MLB), еднократен настан, а годинава ќе го пренесува и божиќниот гејмдеј на НФЛ (NFL).
Тековно, петте најголеми европски пазари на УЕФА комбинираат стриминг-сервиси и телевизиски куќи. Според податоците од веб-страницата на УЕФА, Франција и Шпанија не користат стриминг-сервиси, туку натпреварите ги пренесуваат Канал+ (Canal+) и Телефоника СА (Telefonica SA). Во 2022 година Амазон потпиша тригодишен договор со УЕФА за правата на пренос на одредени натпревари на Лигата на шампиони во Обединетото Кралство, кој истекува во 2027 година. Американската технолошка компанија исто така купи посебни права за пренос на натпревари во Германија и во Италија.
Се прогнозира дека машките клупски натпреварувања на УЕФА - Лигата на шампиони, Европската лига, Конференциската лига и Суперкупот - секоја сезона до 2027 година ќе генерираат најмалку 4,4 милијарди евра комерцијални бруто-приходи.
Минатата сезона Лигата на шампиони воведе проширен формат на лига со поголем број на натпревари. Според извештајот на истражувачката куќа ЕА (Enders Analysis), оваа промена на шесте најголеми пазари доведе до зголемување на приходите од телевизиски права за 18 отсто.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...