text size
Американската влада ги укина ограничувањата за пристап од странство до моделот за вештачка интелигенција Фејбл 5 (Fable 5) на компанијата „Антропик“, со што повторно се овозможува негова поширока меѓународна достапност, откако компанијата презеде дополнителни мерки за надминување на безбедносните забелешки на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. Министерството за трговија на САД на 12 јуни воведе извозни ограничувања со доверлив допис, барајќи „Антропик“ да добие претходно одобрение од американските власти пред да им овозможи пристап на странски државјани до напредниот модел Митос 5 (Mythos 5) и до моделот Фејбл 5, наменет за поширока употреба. Како одговор, компанијата привремено го суспендираше пристапот до двата модела и започна разговори со американските власти за да ги отстрани безбедносните грижи.