Кога американскиот министер за трговија Хауард Лутник минатиот викенд испратил писмо до извршниот директор на „Антропик“ (Anthropic), Дарио Амодеи, последицата била брза и радикална: новите Клод (Claude) модели Фејбл 5 (Fable 5) и Митос 5 (Mythos 5) од тој момент се забранети за сите странски државјани, без разлика каде живеат. Три дена по нивното пуштање во јавност, двата модели се исклучени за сите корисници во светот.
Причината е безбедносен пропуст и закана за националната безбедност на Америка, а потегот го отвори прашањето кој навистина има контрола врз пристапот до најнапредните системи за вештачка интелигенција (ВИ) во светот.
Станува збор за прв случај во историјата американската влада да примени контрола на извоз врз јазичен ВИ модел, инструмент кој со децении беше резервиран за чипови, енкрипција и биотехнологија. Напредната ВИ стана стратешка технологија под државна контрола.
Како дoјде до забраната
Прочитај повеќе
Зошто САД ја блокираа својата најмоќна алатка за вештачка интелигенција?
Иако администрацијата тврди дека ја штити земјата од сајбер закани, потезите против домашните компании за вештачка интелигенција би можеле да станат сериозен проблем за американските одбранбени системи.
17.06.2026
„Антропик“ ги повлекува „Митос“ и „Фејбл“ откако САД забранија пристап за странци
„Антропик“ соопшти дека се придржува кон директивата на администрацијата на Трамп за суспендирање на пристапот на странски државјани до неговите модели за вештачка интелигенција и како резултат на тоа ги оневозможува алатките за сите корисници.
13.06.2026
Тајната на различното лидерство: Дарио Амодеи го води „Антропик“ со само еден директен соработник
Додека повеќето технички директори управуваат со голем број раководители и се стремат да го прошират својот опсег на контрола, Дарио Амодеи од „Антропик“ користи сосема поинаков модел. Тој се фокусира на долгорочна стратегија, развој на вештачката интелигенција и културата на компанијата
13.06.2026
„Антропик“ предлага пауза во развојот на вештачката интелигенција поради големи ризици
„Антропик“ повикува на итна пауза во развојот на вештачката интелигенција, предупредувајќи дека технологијата може да излезе од човечка контрола.
11.06.2026
Фејбл 5 беше јавна, но внимателно ограничена верзија на многу помоќниот Митос 5, кој „Антропик“ со месеци го даваше само на тесен круг партнери.
Американската влада проценила дека е пронајден метод за заобиколување на заштитите на Фејбл 5 кој потенцијално би му овозможил на моделот да наоѓа пропусти во туѓ софтверски код и да генерира упатства за сајбер-напади без вообичаени ограничувања, со што би се загрозила националната безбедност на Америка.
„Антропик“ во своето соопштение ја оспори таа проценка. Според компанијата, демонстрираниот напад се сведувал на барање моделот да прочита код и да пронајде грешки, нешто што можат да го направат и други јавно достапни модели без никаква забрана. Сепак, директивата морале да ја почитуваат.
Bloomberg
Проблемот е и од техничка природа. „Антропик“ нема инфраструктура која може сигурно да разликува корисници според државјанство. Поради тоа, моделите беа исклучени за сите: од деловни корисници до вработени кои не се американски државјани.
АВС (Amazon Web Services), кој ги дистрибуира моделите на „Антропик“, добил барање да го повлече пристапот за корисниците во сите региони. Другите Клод модели, вклучувајќи го Опус (Opus 4.8), не се опфатени со забраната.
Дејвид Сакс, советник на Белата куќа, подоцна на мрежата X објави дека владата го предупредила
„Антропик“ пред забраната и предложила решение, но дека компанијата не сакала да го повлече моделот. Според него, ограничувањето би можело да биде укинато штом спорниот проблем се отстрани.
Истовремено, администрацијата на Доналд Трамп разгледува можност секој нов напреден ВИ модел во иднина да бара одреден облик на регулаторно одобрување пред јавно објавување. Овој случај стана еден од главните аргументи во таа расправа.
Аларм што Европа не го очекуваше
Реакциите на европските политичари беа брзи и главно се сведуваа на иста порака: зависноста од американските ВИ платформи станува стратешка ранливост. Иронијата е очигледна. Европската унија со години инсистира на регулатива за ВИ и технолошки суверенитет, но во момент на криза одговорот е пред сè политички, а не технолошки.
Мистрал (Mistral) постои, но не ги покрива сите примени што компаниите би ги развиле на Фејбл 5. Европскиот пазар сè уште нема доволен број алтернативни модели од иста класа ниту инфраструктура што може брзо да ги замени американските даватели на услуги.
За деловната јавност во регионот Адрија ситуацијата има дополнителен слој на сложеност. Словенија и Хрватска се дел од европската регулаторна и инвестициска рамка. Остатокот од регионот не е.
Тоа значи дека многу компании во Србија, Босна и Херцеговина или Северна Македонија немаат јасен резервен план доколку клучна американска ВИ алатка стане недостапна преку ноќ. Компанија што ги изградила своите оперативни процеси околу еден давател на вештачка интелигенција останува без алтернатива.
Првата ера на вештачка интелигенција беше прашање на перформанси на моделите. Втората е прашање на пристап. По забраната на Фејбл 5 и Митос 5, прашањето е кој утре може да го исклучи тој модел и како тоа влијае на вашиот бизнис.
Локален пример за борба против зависност
Компанија што ги разбира сопствените процеси, ги поседува своите податоци и знае како да го дефинира проблемот пред моделот воопшто да го види, може да го замени моделот или, уште подобро, да изгради сопствен.
Еден пример за таков пристап доаѓа од домашната компанија за сајбер-безбедност „Глог еј-ај“ (Glog.ai). Нејзината безбедносна платформа може да работи во инфраструктурата на корисникот или во приватен облак, па изворниот код и другите чувствителни податоци не мора да го напуштат системот на компанијата. Решението се поврзува со постоечките развојни алатки, ги филтрира лажните пријави и, покрај откривање на ранливости, предлага поправки прилагодени на конкретниот код. Компанијата на тој начин ја задржува контролата врз податоците и безбедносниот процес, дури и кога ќе го промени или изгуби пристапот до одреден ВИ модел.
„Случајот со моделите Клод Фeјбл 5 и Митос 5 (кои претставуваат класа на Антропик Митос модели лансирани во јуни 2026 година) е совршен пример за проблемот на двојна намена (англ. dual-use dilemma) во вештачката интелигенција“, изјави Драган Плескоњиќ, директор на стартапот „Глог еј-ај“.
Bloomberg
Како што додаде, истиот сет на напредни когнитивни способности што му овозможува на моделот да пронајде скриен безбедносен пропуст во код, му овозможува и да напише функционален код за негово искористување. „Моделите од Митос класата донесоа огромен напредок во автономијата на долги задачи и анализа на комплексен код. Тоа овозможи развој на АХР системи (англ. Autonomous Exploitation and Remediation), односно ВИ агенти што самостојно ги испитуваат апликациите и инфраструктурата.“
Тоа создава ризик во поглед на тоа дека процесот што моделот го поминува за да симулира напаѓач (за да пронајде ранливост и да ја поправи) во 99 проценти од чекорите е идентичен со вистински сајбер-напад. „Не постои инхерентна разлика во кодот помеѓу ‘тестирање на отпорност’ и ‘извидување пред напад’. Случајот Фејбл/Митос 5 јасно покажува дека ВИ во сајбер-безбедноста не е обична алатка, туку технологија со висока автономија. Кога моделот станува способен самостојно да размислува во рамки на комплексни, повеќедневни задачи, границата меѓу ‘безбедносно скенирање’ и ‘офанзивна сајбер-војна’ станува прашање исклучиво на намерата на корисникот, а не на техничките бариери во самиот код.“
Напредните ВИ модели се одлични, но со напомена дека треба да се има предвид колку е важна изградбата на системи што не претпоставуваат трајна достапност на еден добавувач. Диверзификацијата на ВИ добавувачи стана стратешка неопходност. За оние што изградиле флексибилни процеси независни од еден модел, забраната беше непријатност. За оние што не, таа беше потсетник дека нивниот најважен ВИ систем зависи од одлуки што не ги носат и на кои не можат да влијаат.