text size
Коосновачот на „Мајкрософт“ (Microsoft Corp.), Бил Гејтс, изјави дека владините заштитни мерки против потенцијално катастрофалните ризици од вештачката интелигенција нема да ги попречат САД во нивната конкуренција со Кина, спротивставувајќи го тоа гледиште на пристапот на немешање, кој го застапува претседателот Доналд Трамп.
„Секако, сите земји треба да сакаат да имаат воспоставено заштитни мерки“, изјави Гејтс во интервју за емисијата „Мит д прес“ (Meet the Press) на „Ен-би-си“. „Значи, секој што вели: ‘Па, знаете, Кина нема да ги воспостави овие заштитни мерки’ - целосно не се согласувам со тоа.“
Гејтс е меѓу технолошките лидери што го кренаа гласот додека брзото напредување на технологијата поттикнува дебата за безбедноста на вештачката интелигенција, вклучувајќи ги и предупредувањата од некои дека таа ќе го доведе човештвото во ризик. Во извадок од интервјуто објавен минатата недела, Гејтс за „Ен-би-си“ изјави дека вештачката интелигенција е доволно моќна алатка за да „предизвика милијарда смртни случаи“.
Прочитај повеќе
ВИ-модели на „Опен еј-ај“ пристапиле до податоци од пописот во САД и од Комисијата за хартии од вредност
Компанијата соопшти дека известила десетици организации, вклучувајќи влади и универзитети, чии веб-страници можеби биле попречени од посети од нејзините модели.
26.09.2026
Има 10 отсто шанси ВИ да го уништи човештвото - еве што всушност значи тоа
Истражувач од „Антропик“ предупредува дека најголемиот ризик не е вештачка интелигенција што ги мрази луѓето, туку систем што погрешно ја разбира целта што сме му ја задале.
пред 1 час
Џенсен Хуанг: има „нула отсто шанси“ светот да исчезне во 2030 година
Извршниот директор на „Енвидија“, Џенсен Хуанг, ги отфрли тврдењата дека вештачката интелигенција го загрозува опстанокот на човештвото, порачувајќи дека развојот на технологијата треба да продолжи со одговорно управување со безбедноста.
19.09.2026
Кој е главниот виновник, вештачката интелигенција или луѓето?
Стравот од вештачката интелигенција веќе не е само научна дебата туку и реторика што се прелева од лабораториите во политиката и маркетингот. Од хакирањето на „Хагинг фејс“ до предлог-законите во Конгресот, паниката околу ВИ станува дел од јавниот наратив за иднината на технологијата.
18.09.2026
Соочен со ниски стапки на одобрување додека републиканците се борат да ја задржат контролата врз Конгресот на изборите во ноември, Трамп ги претстави предупредувањата за егзистенцијалните ризици од вештачката интелигенција како измама што ја загрозува американската иновација и им оди во прилог на Кинезите.
„Тоа воопшто не е измама“, изјави Гејтс, кога беше прашан за изјавите на Трамп.
Тој изјави дека очекува Кина да се приклучи во поддршката на безбедноста на вештачката интелигенција бидејќи не сака да биде цел на напади. Трамп, според него, би можел да го промени својот став „откако ќе слушне од мене и од други луѓе - дека ова не е хендикеп во она што тој го смета за трка меѓу националните држави“.
Гејтс претходно во текст од август тврдеше дека злонамерни актери би можеле да користат сè помоќни алатки на вештачката интелигенција за сајбер-напади, измами, дезинформации и други форми на штета од големи размери против болници, финансиски институции, електроенергетски мрежи и владини системи.
Прекинувач за исклучување - идејата да се обезбеди луѓето да ја задржат способноста да запрат или ограничат моќен модел на вештачка интелигенција ако тој почне да се однесува опасно - „не е доволен“ и не може да го замени надзорот во пораните фази, изјави Гејтс за „Ен-би-си“.
„Навистина треба да го следиме секој софистициран модел и точно да евидентираме што се прави“, изјави тој. „Соединетите Американски Држави треба да се погрижат да се прави тоа. Кина ќе сака да го направи тоа.“