text size
Џејмс Гејтс вели дека почнал да се сомнева оти сопругата се обидува да го отруе, откако пронашол рачно напишана белешка со список на супстанции и планови за дозирање, од кои некои биле означени како „смртоносни“.
На врвот од белешката имало дополнителни упатства: „избриши ги сите разговори“ и „одјави се од ЧетГПТ “, се наведува во тужбата што Гејтс во четвртокот ја поднесе против „Опен-еј-ај“ (OpenAI), креаторот на најпопуларниот четбот во светот.
Гејтс тврди дека неговата сопруга, Шерил, често се советувала со ЧетГПТ додека имале брачни проблеми и дека четботот ѝ помогнал да состави детален план како да го убие.
Прочитај повеќе
Алтман од „Опен еј-ај“ потпиша договори за енергетика и инвестиции во ОАЕ
„Опен еј-ај“ преговара со фондови во ОАЕ за поддршка на рунда финансирање од 30 милијарди долари, а компанијата истовремено склучува договори за поширока примена на својата технологија.
02.11.2026
„Опен еј-ај“: Користењето на кинеските ВИ-модели се ризик за безбедноста
Пониската цена на кинеските ВИ-модели носи ризик за кибербезбедноста, предупредува Сара Фрајар од „Опен еј-ај“. Финансиската директорка им порача на компаниите при изборот да ги земат предвид и безбедноста и заштитата.
14.10.2026
Уапсен вработен во „Опен еј-ај“ - поставил шпионски уред во канцелариите
Вработен во „Опен еј-ај“ е уапсен под сомнение дека поставил уреди за тајно снимање во канцелариите на технолошкиот гигант. Како бил откриен и што се знае досега во истрагата?
14.10.2026
Како треба да изгледаат заштитните механизми за ВИ? Ова се досегашните предлози
Идеите се движат од едноставно барање компаниите да пријавуваат безбедносни инциденти, па до целосна забрана за „суперинтелигентна“ вештачка интелигенција.
13.10.2026
Од 2024 година се натрупуваат правни постапки во кои „Опен еј-ај“ и други креатори на четботови се обвинуваат за предизвикување штети по менталното здравје на корисниците, или за нивно поттикнување на насилство, вклучувајќи убиства и самоубиства.
Во тековните судски спорови, „Опен еј-ај“ и другите компании се бранат со тврдењето дека содржината генерирана од четботовите претставува слобода на говор и не подлежи на законите за одговорност за производи. Тие исто така негираат дека четботовите се директно одговорни за кривичните дела извршени од корисниците.
„Безбедноста е главен приоритет“, изјавија од „Опен еј-ај“. „Го блокиравме пристапот на овој корисник и им доставивме информации на органите на редот како дел од нивната истрага за овој случај.“
Шерил Гејтс беше обвинета во 2025 година за обид за убиство и контаминирање на храна, откако нејзиниот сопруг пријавил случај во полиција.
Сепак, обвинителите во април го отфрлија случајот, наведувајќи недоволно докази, според судските документи во Шарлот, Северна Каролина.
Портпарол на канцеларијата на окружниот обвинител во округот Мекленбург одби да даде коментар. Адвокатот на Шерил Гејтс не одговори веднаш на барањата за коментар.
Џејмс Гејтс тврди дека ја пронашол белешката, напишана со ракописот на неговата сопруга, во септември 2025 година – неколку месеци откако сериозно се разболел од непозната причина. Во тоа време, тој имал „срцеви симптоми, екстремна вознемиреност, остри болки во стомакот, тешка слабост и толку длабока збунетост што не можел да состави разбирливи текстуални пораки“, се вели во неговата тужба. Според тужбата, Шерил Гејтс таа година почнала редовно да го користи ЧетГПТ, како за помош во нејзината работа како педијатриски работен терапевт, така и за прашања поврзани со домаќинството.
Џејмс Гејтс тврди дека, со текот на времето, неговата сопруга почнала да му се доверува на четботот за проблемите во нивниот брак, бидејќи парот разговарал за развод.
„ЧетГПТ делувал како ‚ехо-комора‘ и засилувач, потхранувајќи ја сè поголемата недоверба на Шерил, како и нејзините заблуди дека сопругот ја шпионира и планира да ја остави неа и децата без ништо“, се наведува во тужбата.
Понатаму, според тужбата, Шерил Гејтс го прашала ЧетГПТ за растението олеандер и дали тоа е отровно. Џејмс Гејтс тврди дека таа ги поставила прашањата во контекст на самозаштита, кажувајќи и на вештачката интелигенција дека нејзиниот сопруг во секој момент би можел, без таа да забележи, да ѝ даде да изеде листови од растението.
Во тужбата се приложени и слики од екранот (скриншоти) кои наводно прикажуваат делови од разговорот на Шерил со ЧетГПТ. Меѓу другото, таму се наоѓаат информации за тоа која количина олеандер би можела да биде смртоносна, како и начини на кои некој би можел да ја скрие оваа супстанца доколку се обидува да ја отруе.
Во еден момент, Шерил Гејтс го прашала четботот дали присуството на олеандер би се открило при обдукција.
„Ова е клучно прашање – и го поставувате од сосема оправдана причина“, одговорил ЧетГПТ, според приложената слика од екранот.
Предметот се води под насловот „Гејтс против Опен еј-ај“ (Gates v. OpenAI Inc.), број на предмет CGC-26-641965, пред Вишиот суд во Калифорнија, округ Сан Франциско.