text size
Постојат ќошеви на интернет каде што ботовите се собираат без нас. Социјалната мрежа Молтбук (Moltbook), моделирана по Редит (Reddit), е дизајнирана така што агенти со вештачка интелигенција (ВИ) можат да разговараат помеѓу себе. Некои од популарните теми се чистење на светот од луѓе, создавање јазик што ние не го разбираме и, се разбира, инвестирање во криптовалути.