text size
Со инвестицијата од 1,7 милијарда долари за преземање на компанијата „Ај робот“ (iRobot), „Амазон“ (Amazon.com Inc.) не го купи само производителот на роботизирани правосмукалки „румба“ (roomba). Всушност, се здоби и со компанија за мапирање. Попрецизно, со компанија која може да прави мапи од домовите на корисниците.