text size
Години наназад, „гуглањето“ беше рефлекс – несвесна навика вградена во секојдневието на милијарди луѓе. Без разлика дали бараме рецепт, истражуваме симптоми на болест, планираме патување или купуваме нов уред, полето за пребарување на Гугл и „десетте сини линкови“ беа вратата кон интернетот и знаењето. Моделот заснован на клучни зборови, оптимизација на содржина и неизбежни кликови со децении доминираше во дигиталниот простор. Но, за само две години се случи нешто што ја менува долгогодишната парадигма: генеративната вештачка интелигенција (ВИ) ја презема улогата на водич низ информации, не само дополнувајќи ја, туку и заменувајќи ја потребата за класично пребарување.