text size
Платформата на „Мета“ (Meta), Инстаграм (Instagram) официјално ја претстави апликацијата Тредс (Threads), дизајнирана како директен ривал на Твитер (Twitter) и најсериозна закана за социјалната мрежа во сопственост на Илон Маск. На новата апликација корисниците ќе можат да објавуваат текстови и врски, да одговараат или да споделуваат туѓи објави. Тредс им овозможи на корисниците да ги префрлат своите следбеници и имиња од апликацијата Инстаграм, на која се споделуваат видеа и фотографии.