Компанијата „Вондерфул“ (Wonderful.ai) собра 150 милиони долари во серија Б на финансирање, со што нејзината проценета вредност достигна околу две милијарди долари. Инвестицијата ја предводеше фондот „Инсајт партнерс“ (Insight Partners), со учество на фондовите „Индекс венчрс“ (Index Ventures), ИВП (IVP), БВП (Bessemer Venture Partners) и „Вајн венчрс“ (Vine Ventures).
Новото финансирање доаѓа во момент кога пазарот на ВИ агенти забрзано расте, а големите компании бараат конкретни решенија кои можат да се применат во секојдневните деловни процеси. „Вондерфул“ развива платформа наменета токму за такви средини - големи корпорации кои сакаат да ја автоматизираат комуникацијата со корисниците и внатрешните процеси со помош на вештачка интелигенција (ВИ).
Собраниот капитал ќе се насочи кон глобално проширување и значително зголемување на бројот на вработени. Компанијата планира годинава тимот да го прошири од сегашните 350 на приближно 900 луѓе ширум светот. Стратегијата се потпира на комбинација на технолошка платформа и локални експертски тимови кои им помагаат на компаниите да имплементираат ВИ решенија во реални деловни системи.
Прочитај повеќе
Малите јазици и вештачката интелигенција: Дали добиваат еднакви шанси?
Малите јазици како македонскиот во принцип се маргинализирани при развојот на вештачката интелигенција, ВИ-агентите не ги задоволуваат очекувањата. Како технологијата може да се подобри за малите пазари?
25.02.2026
Како да го забрзате растот на вашата компанија со помош на вештачка интелигенција
Претставен е Агент билдер (Agent Builder) – алатка со вештачка интелигенција што самостојно креира и усовршува софтвер за корпоративна употреба. Откријте како оваа иновација ја менува играта за бизнисите и ги забрзува процесите.
23.01.2026
Агенти со вештачка интелигенција што ги разбираат јазиците од регионот може да работат за вас
Целосно интегрирани во интерните системи на компаниите, ВИ-агентите на компанијата „Вондерфул“ веќе обработуваат десетици илјади сложени интеракции дневно, од решавање поплаки за сметки до закажување термини, а во над 80 отсто од случаите човечка интервенција не е ни потребна...
12.11.2025
ВИ агентите влегуваат во големите деловни системи
Откако излезе од прикриената (англ. stealth) фаза пред околу осум месеци, „Вондерфул“ го прошири своето работење на повеќе од 30 земји во Европа, на Блискиот исток, во Азија, Латинска Америка, како и во регионот Адрија. Компанијата развива ВИ агенти наменети за големи системи, со примена во индустрии како телекомуникации, финансиски услуги, производство и здравство.
Бизнис моделот на компанијата се базира на тезата дека вештачката интелигенција во големите организации не може да се скалира исклучиво преку софтвер. За имплементација се потребни тимови кои ги разбираат деловните процеси и можат да ја прилагодат технологијата на конкретни оперативни средини.
Решенијата на „Вондерфул“ се користат и во комуникацијата со корисници и во внатрешните процеси на компаниите. Според податоците на компанијата, времето за обработка на задачи може да се намали до 60%, додека стапката на автоматизација надминува 80 отсто. Таквите резултати им овозможуваат на компаниите да ги намалат трошоците и да ја заменат старата инфраструктура со нови генерации ВИ системи.
Регионот Адрија станува центар за вработување и имплементација на ВИ агенти
Еден од клучните региони за „Вондерфул“ е токму регионот Адрија, кој ги опфаќа Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и Албанија. „Вондерфул“ во овој дел на Европа забрзано ги шири тимовите и планира значително зголемување на бројот на вработени во текот на годината.
Покрај вработувањата, компанијата веќе соработува со големи корпорации во регионот и имплементира ВИ агенти во различни деловни процеси, од корисничка поддршка до внатрешни операции. Целта е технологијата да се имплементира локално, со тимови кои го разбираат јазикот, регулативата и спецификите на пазарот.
Ведран Бајер, директор на Wonderful.ai во регионот Адрија
Извор: Wonderful AI
По повод инвестицијата, Ведран Бајер, директор на „Вондерфул“ за регионот Адрија, изјави дека ова е голем чекор напред за компанијата, но и исклучително значаен момент за нашиот регион:
„Компаниите се уморни од ветувањата за ВИ – тие сакаат резултати веднаш. Технологијата сама по себе не е доволна – за вистински успех се потребни луѓе на терен кои го разбираат бизнисот. Нашите тимови во регионот ја диктираат брзината на оваа револуција, а фактот што вакви глобални решенија се имплементираат кај нас истовремено со најголемите светски пазари, е доказ за нашата стратешка важност.“
„Вондерфул“ е основан во 2025 година, а компанијата ја покренаа Бар Винклер, извршен директор, и Роеј Лалазар, технички директор. Платформата овозможува компаниите да развиваат, надгледуваат и оптимизираат ВИ агенти кои автоматизираат процеси во front и back office операции.
Бар Винклер и Роеј Лалазар
Извор: Wonderful AI