text size
За десет години во Македонија влегле околу три милијарди евра странски директни инвестиции (СДИ). Резултатот е меѓу најлошите во регионот, дополнително за вложувањата, земјава даваше субвенции. Колку плативме од буџетот, а кој е нето ефектот? Точна анализа нема, има поединечни показатели за ефектите од странските инвестиции од кои најголем дел се во слободните економски зони. Различни влади со различни модели привлекуваа странски компании во земјава, дел од договорите што ги склучуваа со компaниите и покрај најавите, останаа под знакот „строго доверливо“.