text size
Соларната индустрија е најбрзорастечкиот сегмент на обновливите извори на енергија. Соочен со растечките цени на енергијата и сериозните последици од глобалното затоплување, светот бара брзо, економично и чисто решение, кое веруваме дека може да се најде во сончевата енергија, укажуваат од аналитичкиот тим на „Блумберг Адрија“ во новата регионална анализа на соларната индустрија.