text size
Дел од бензинските станици во Северна Македонија беа затекнати од зголемувањето на цената на нафтените деривати на 3 јуни, годинава бидејќи нивните рекламни билборди не беа програмирани да прикажат трицифрени бројки за литар гориво. Оттогаш, цената на горивата беше зголемена во неколку наврати. Со последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика од 28 јуни, литар бензин од 95 октани чини 109 денари (1,77 евра), литар бензин од 98 октани се продава за 111,5 денари (1,81 евра), а дизелот се продава по цена од 109 денари (1,77 евра) за литар.