text size
Државниот завод за статистика го одложи објавувањето на податоците за стапката на раст на Брутодомашниот производ (БДП) во првите три месеци годинава, податок кој според календарот требаше да биде објавен на 2 јуни годинава. Нема образложение поради што се пролонгира објавата на овој статистички податок, ниту пак има информација кога ќе се случи тоа.