Германските бизнис-лидери одамна ги препознаа предупредувањата дека прекумерното потпирање на Кина носи ризик од економска катастрофа, но во практика ретко реагираат. Од автомобилската до хемиската индустрија, најголемите германски извозници ги игнорираат повиците на владата и вложуваат милијарди во проекти кои уште повеќе ги врзуваат за кинеската економија. Според податоците на Институтот МЕРИКС, германските корпоративни инвестиции во Кина пораснале на 5,7 милијарди евра во периодот 2023–2024.
И покрај предупредувањата, државните функционери малку направија за промена на трендот. Во приватни разговори се анализираат можни планови, но се избегнува директно мешање во странските инвестиции — нешто што, според висок германски функционер, „традиционално не е дел од германскиот идентитет“. Иако и бизнис-секторот и политичарите меѓусебно ја префрлаат одговорноста, и понатаму останува нејасно кој ќе ги сноси трошоците од оддалечување од Кина: компаниите, работниците, потрошувачите или државата.
Во меѓувреме, Кина и понатаму носи преголеми краткорочни добивки за германските компании, иако долгoroчниот ризик е јасен — Пекинг може да го ограничи пристапот до снабдувачи и до огромниот кинески пазар. Бизнис-лидерите немаат мотив да се повлечат од Кина освен ако Берлин не им помогне или не надомести дел од трошоците. Германскиот вицеканцелар и министер за финансии Ларс Клингбајл заминува за Пекинг за да ги пренесе грижите на Берлин, додека канцеларот Фридрих Мерц јавно ги предупредува компаниите за ризиците од прекумерната зависност.
Прочитај повеќе
Германската индустрија само делумно закрепнува со скок на производството на автомобили
Германското производство се зголеми за 1,3 отсто во однос на претходниот месец, соопшти денеска „Дестатис“. Тоа е значајно под средната процена од три отсто во анкетата на „Блумберг“.
06.11.2025
Германски фирми предаваат тајни што Кина би можела да ги искористи за притисок
Додека германските фирми се борат со новите кинески контроли врз ретките земни минерали, тие му доставуваат на Пекинг чувствителни информации.
25.10.2025
Германската индустриска криза се продлабочува – „Бош“ отпушта 13.000 работници
„Бош“ ќе укине 13.000 работни места, што е сигнал за длабока криза во германската автоиндустрија, која се бори со царини, високи трошоци и силна азиска конкуренција.
26.09.2025
Аналитичари: Економскиот раст во Германија нема да трае без суштински реформи
Германската економија се очекува да закрепне благодарение на брзата фискална експанзија, но тој поттик ќе биде привремен доколку владата не ги адресира основните проблеми, според водечките истражувачки институти во земјата.
25.09.2025
Автомобилската индустрија е сржта на германската изложеност. Од 2020 до 2024, таа сочинувала две третини од сите германски инвестиции во Кина. Инвестициите пораснале 69 отсто меѓу 2023 и 2024, достигнувајќи над 4 милијарди евра. Кина денес е најважниот пазар за БМВ, „Мерцедес“ и „Фолксваген“. БМВ вложи речиси 4 милијарди евра во батериски проект во Шенјанг и дури извезува теренски модели назад во Европа. „Мерцедес“ го премести годишниот стратешки самит во Пекинг, а „Фолксваген“ — кој Кина ја нарекува „втор домашен пазар“ — потпиша нови стратешки договори со кинески компании.
Bloomberg
Сличен тренд има и во други индустрии. БАСФ (BASF) отвори комплекс вреден 8,7 милијарди евра — нивната најголема инвестиција некогаш. „Бош“ го продлабочува развојот во Кина додека намалува работни места во Германија. Просечните годишни германски инвестиции во Кина во последните пет години изнесуваат 5,2 милијарди евра — значително повеќе од претходната деценија.
Но потрагата по алтернативни снабдувачи е скапо. Новите пазари како Северна Америка, Европа или Индија долгорочно би можеле да ги компензираат трошоците, но без гаранции и со години до реални резултати. Тоа ги остава компаниите пред непријатни избори: пониски профити, повисоки цени или отпуштања — освен ако владата не интервенира.
Владата се соочува со сопствени ограничувања: растечки политички поделби, високи трошоци за климатска политика, одбрана и социјални програми. Германските индустриски здруженија предупредуваат дека „де-ризикот“ бара години и огромни инвестиции, а политичарите досега понудија повеќе ветувања отколку реални мерки.
Bloomberg
Не сите германски компании ја гледаат состојбата исто. Помалите фирми многу порано заклучија дека не можат да се потпираат на Кина. Една од нив е „4 Џет“ (4Jet), производител на ласерска технологија, кој одамна забележа дека Кина преку субвенции и брза експанзија го поткопува глобалниот пазар. Затоа компанијата ги засили инвестициите во Индија и други растечки пазари за да ја намали својата ранливост. „Политиката е изненадувачки наивна“, вели директорот Јерг Јетер, коментирајќи го кинескиот план „Made in China 2025“, кој ѝ овозможи на Кина да стане водечка во соларни панели, батерии и електрични возила.
Последиците веќе се чувствуваат. Германските автомобилски производители минатиот месец се соочија со речиси целосно запирање на производството поради проблеми со чиповите од „Некспирија“ (Nexperia) — холандска фирма под кинеска сопственост. Паралелно, германскиот извоз во Кина опаѓа, додека зависноста од евтини кинески компоненти расте. Експерти предупредуваат дека ваквиот тренд може постепено да ја еродира индустриската база на Германија.
Bloomberg
Индустриските здруженија сега бараат државна интервенција. Според ВДМА (VDMA), повеќето компании сè уште се чувствуваат конкурентно во Европа, но кога се прашуваат за следните пет години — помалку од половина очекуваат исто. „Не можеме едноставно да го прифатиме овој тренд“, вели Оливер Рихтберг.
Во Берлин расте чувството дека мора нешто да се преземе. Во 2023 година владата првпат најави „де-рискинг“ од Кина, но презеде малку конкретни чекори. Новиот канцелар, Фридрих Мерц, формираше Национален совет за безбедност кој треба до крајот на годината да подготви акциски план за диверзификација на снабдувањето со суровини. Во изработка е и стратегија за економска безбедност што ќе биде претставена следната година.
Bloomberg
Сепак, Мерц е јасен дека државата нема да ги спасува компаниите ако нешто тргне наопаку. „Тоа е ваш ризик“, им порача на менаџерите, предупредувајќи дека Пекинг може многу брзо да го прекине снабдувањето или да го затвори кинескиот пазар за германските фирми.