text size
Македонија има втор најлош резултат од петте земји од регионот на поранешна Југославија односно регионот Адрија ако се споредува куповната моќ на граѓаните. Анализа на паритетот на куповната моќ во Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија покажа дека по овој индикатор полошо од нашата земја стои само БиХ. Во 2021 година паритетот на куповната моќ во земјава е на ниво од 37 отсто од просекот во ЕУ, додека во Босна и Херцеговина е 33 отсто од европскиот просек. Лидер очекувано и несомнено е Словенија, а анализата покажува дека оваа земја во следната деценија ќе го достигне нивото на Европската Унија кога паритетот на куповната моќ е во прашање. Моментно од земјите од поранешна Југославија, најблиску до Словенија која достигна 76 отсто од просекот во ЕУ по овој параметар е Хрватска, која достигнува 68 отсто од нивото на ЕУ, а потоа следи Србија со 44 отсто, па Македонија (37 отсто) и Босна и Херцеговина (33 отсто).