text size
Аналитичкиот тим на „Блумберг Адрија“ во новата регионална анализа за макроекономките движења ги потврдува бројките за раст на БДП за сите земји од регионот Адриjа што ги предвиде во претходниот извештај, укажувајќи дека зад него стои силната потрошувачка којашто го неутрализира влошениот амбиент кај странската побарувачка. Во анализата објавена на „Блумберг Адрија Инсајт“, нашиот тим ги презентира очекувањата за макроекономските показатели во земјите од регионот до крајот на годинава и за 2024 година.