text size
Македонската компанија „Алкалоид“ по повеќе параметри е меѓу најуспешните компании од фармацевтската индустрија во земјите од регионот Адрија (Словенија, Хрватска, Србија, БиХ и Македонија). Во новата анализа за фармацевтската индустрија, подготвена од аналитичкиот тим на „Блумберг Адрија“, се опфатени вкупно десет фармацевтски компании од регионот. „Алкалоид“ е меѓу петте најдобри по остварената продажба и по остварените маргини на ЕБИТДА и ЕБИТ во текот на минатата година.