text size
Можеби и не го достигна очекуваниот врв, но кредитирањето во следните месеци во земјите од регионот Адрија ќе почне да забавува. Аналитичкиот тим на „Блумберг Адрија“ смета дека во периодот што следува неколку фактори ќе влијаат на банките потпретпазливо да одобруваат заеми и кон корпоративниот сектор, но и кон домаќинствата. Клучна меѓу причините е глобаното економско забавување, кое има значајно влијание и кај граѓаните и кај компаниите, а во однос на нивното расположение за позајмување. Секако, се очекува намалување и на побарувачката за кредити во кризни услови, но важен фактор е и најавениот раст на каматите кој е воден од потезите на централните банки и во овој регион, кои веќе ги зголемија основните камати. Во Македонија во јули забележан е годишен раст на кредитрањето од 9,7 проценти, што веќе алудира на забавување на трендот. Имено, во јуни годишниот кредитен раст кај вкупните кредити беше 10 отсто. Во оваа анализа ги опфаќаме податоците за кредитирањето во првата половина од годината, односно заклучно со јуни 2022 година.