Легендарниот американски инвеститор Ворен Бафет најави дека до крајот на 2034 година целосно ќе се ослободи од својот удел во „Беркшир Хатавеј“ (Berkshire Hathaway), вреден околу 140 милијарди долари, преку донации во добротворни цели. Воедно, за првпат по речиси две децении, дел од неговата редовна годишна донација нема да добие фондацијата на Бил Гејтс.
Во новото соопштение, 95-годишниот претседател на „Беркшир Хатавеј“ откри дека ќе конвертира 8.000 акции од класата А во 12 милиони акции од класата Б, кои ќе ги распределува меѓу фондациите поврзани со неговото семејство. Девет милиони акции ќе добие Фондацијата „Сузан Томпсон Бафет“, именувана по неговата покојна сопруга, додека по еден милион акции ќе добијат фондациите „Шервуд“ (Sherwood), „Хауард Г. Бафет“ (Howard G. Buffett) и НОВО (NoVo), со кои управуваат неговите три деца.
Бафет истакна дека, иако никој не може да ја предвиди сопствената долговечност, неговата намера е сите преостанати акции што ги поседува во „Беркшир Хатавеј“ да бидат донирани најдоцна до 31 декември 2034 година.
Прочитај повеќе
Бафет ги одложи донациите за фондацијата на Гејтс поради врските со Епстајн
По две децении традиција, Ворен Бафет направи неочекуван потег - ја стави на чекање планираната донација за Фондацијата Гејтс.
30.06.2026
Лекциите на Ворен Бафет што треба да ги знае секој инвеститор
Писмата на Бафет до акционерите одамна се задолжително четиво за секој инвеститор. Сега, обединети во една книга, ги откриваат принципите што стојат зад успехот на „Беркшир Хатавеј“.
13.06.2026
„Беркшир“ се збогува со прирачникот на Бафет
Две од најновите и стратешки необични инвестиции на конгломератот „Беркшир Хатавеј“ даваат јасен сигнал за тоа како ќе изгледа менаџментот на компанијата под водство на Грег Абел.
03.06.2026
Прва година без легендарниот Бафет - како „Беркшир“ го менува курсот
Како плови „Беркшир Хатавеј“ без Ворен Бафет?
19.05.2026
„Смртта е непредвидлива, но моите преостанати акции на еден или друг начин ќе бидат донирани до крајот на 2034 година“, порача Бафет.
По најновата донација, тој сè уште поседува 188.290 акции од класата А и 1.162 акции од класата Б на „Беркшир Хатавеј“.
Најголемо внимание привлече фактот што годинава „Фондацијата Гејтс“ не се најде меѓу примателите на донации. Од 2006 година наваму, Бафет има донирано околу 48 милијарди долари на фондацијата, што ја прави една од најголемите добротворни организации во светот.
Одлуката доаѓа откако американското Министерство за правда објави документи што повторно го актуализираа вниманието околу врските на коосновачот на „Мајкрософт“ (Microsoft), Бил Гејтс, со осудениот сексуален престапник Џефри Епстајн. Според претходни информации на „Волстрит журнал“ (Wall Street Journal), Бафет ќе почека да заврши внатрешната ревизија што ја спроведува фондацијата на Гејтс за неговите минати контакти со Епстајн пред да одлучи дали ќе продолжи со идните донации.
Од фондацијата соопштија дека се благодарни за повеќедецениската поддршка од Бафет, оценувајќи дека неговите донации одиграле клучна улога во финансирањето на проекти за подобрување на здравството и животните услови на луѓето ширум светот.
Планот за распределба на богатството претставува продолжение на филантропската стратегија што Бафет ја започна пред речиси две децении. Во 2010 година, заедно со Бил Гејтс и Мелинда Френч Гејтс, ја покрена иницијативата „Гивинг плеџ“ (Giving Pledge), преку која најбогатите луѓе во светот се повикуваат да донираат најголем дел од своето богатство за добротворни цели.
Минатата година Бафет најави дека ќе го забрза темпото на донациите за неговите деца полесно да управуваат со неговиот имот по неговата смрт. Тогаш секоја од трите семејни фондации доби акции во вредност од околу 320 милиони долари, а подоцна следуваа и дополнителни донации.
Иако со години постепено го намалува својот удел, најголемиот дел од богатството на Бафет и понатаму е концентриран во „Беркшир Хатавеј“, компанијата што ја претвори во еден од највредните светски конгломерати. Според индексот Bloomberg Billionaires, речиси целото негово лично богатство потекнува токму од сопственоста во „Беркшир“.
Во меѓувреме, акциите на „Беркшир Хатавеј“ се под притисок. Од историскиот максимум достигнат во мај минатата година, непосредно пред Бафет да соопшти дека ќе се повлече од функцијата главен извршен директор, вредноста на акциите е намалена за околу осум проценти, додека индексот S&P 500 во истиот период забележа раст од околу 32 проценти.