text size
Советот на Народна банка го усвои првиот среднорочен план за активностите во доменот на управување со ризиците поврзани со климатските промени за периодот 2023 ‒ 2025 година. Со овој план, како што денеска соопшти централната банка, се поставува сеопфатна, систематична и конзистентна рамка за активностите поврзани со управувањето со ризиците од климатските промени.